четврток, октомври 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Владата ја утврди новата регулатива за Советот на јавни обвинители – чекор кон поголема независност и транспарентност

by Redakcija
10.02.2026
in Македонија
vlada

На денешната седница, Владата донесе одлука да го утврди Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, кој Министерството за правда го оценува како клучен за зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Законот носи значајни промени кои го обликуваат работењето на Советот на нов, поотворен и поодговорен начин. Меѓу главните новини е детално дефинираната постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која може да се покрене само врз основа на образложено барање од најмалку четири членови на Советот.

Советот добива и засилена улога во изборот и разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, со право да поднесува иницијатива за разрешување до Собранието. Дополнително, се воведува повисока транспарентност во работата на Советот – второстепената дисциплинска постапка ќе биде јавна, со исклучоци предвидени за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси.

Новиот закон поставува и прецизни критериуми за избор на членови на Советот, со цел да се гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, во согласност со моделот на новиот Закон за Судскиот совет. Исто така, детално се уредува постапката за разрешување на членови, со јасно дефинирани рокови и критериуми.

Важно е да се истакне дека и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, и Предлог-законот за Јавното обвинителство, добиле позитивно мислење од Венецијанската комисија, што дополнително ја потврдува нивната усогласеност со европските стандарди.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Крај на колоните на патарините? Се анализира нов модел

15.10.2026

Еден час повеќе за спиење: Еве кога го враќаме часовникот назад

15.10.2026

Милошоски: Едно вето е доволно за блокада на македонскиот јазик во ЕУ, тоа се „успесите“ на СДСМ и Филипче

15.10.2026

Русески останува на ставот и по три рочишта: Во „Пулс“ имало уредување, а не реконструкција

14.10.2026

Работодавачот на загинатиот Бесим Дурмиши бара правда: „Беше искрен, чесен и многу вреден“

14.10.2026

Ќе ја предаде ли Софија Ива Михаилова? Бугарското МВР се повика на нејзиното државјанство

14.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

16-годишник од Тетово фатен како управува „БМВ“ без возачка дозвола

1 месец ago

Во Аеродром нападната 22-годишна девојка: Украден и е накитот

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Сакаме инвестиции со јасни правила и реални придобивки за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск повторно побара Зеленски да се повлече: „Време е да си оди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: САД им се заканиле на моите генерали со прекин на разузнавачката соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Хаос во Истанбул: Поројните дождови урнаа делови од патишта и го блокираа сообраќајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протести и судири во Тирана, Рама тврди дека нема да отстапи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.