понеделник, март 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Безбедниот интернет е заедничка одговорност на сите

by Redakcija
11.02.2026
in Република, Топ Вести

Во Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Активностите беа реализирани во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, преку кој на учениците, родителите и наставниците им се презентираат конкретни алатки и насоки за безбедно користење на интернетот. Фокусот е ставен на превенција, родителска контрола и создавање сигурна дигитална средина за децата и младите.

Настанот имаше едукативен и интерактивен карактер, при што учениците преку практични примери, разговор и активности учеа како да се движат безбедно во дигиталниот свет, како да препознаваат потенцијални ризици и како одговорно да ги користат онлајн содржините. Притоа беше нагласено дека интернетот може да биде простор за знаење, креативност и забава, доколку се користи внимателно и со поддршка од возрасните.

Градоначалникот Проданоски истакна дека Општина Прилеп останува посветена на соработката со Министерството за дигитална трансформација и на унапредување на услугите за граѓаните, потенцирајќи дека безбедниот интернет е заедничка одговорност на институциите, училиштата, родителите и младите.

„Само заедно можеме да создадеме подобар и побезбеден дигитален простор за сите“, порача Проданоски.

…

Related Posts

Утре три тетовски села остануваат без струја

30.03.2026

Проданоски: Меѓуопштинската соработка е клуч за поефикасни услуги кон граѓаните

30.03.2026

Божиновска: Со енергетска ефикасност до помали трошоци – Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

30.03.2026

Коњановски: Современи хигиенски стандарди за учениците во Битола – реконструкција на училиштето „Коле Канински“

30.03.2026

ЈКП Водовод – Битола со едукативна презентација за значењето на водата

30.03.2026
Македонија отвора стратешки дијалог со САД

Македонија отвора стратешки дијалог со САД

30.03.2026

Препорачани Вести

Идентификувани уште 16 жртви од катастрофалниот пожар во Кран-Монтана – меѓу нив и малолетници

3 месеци ago
Полицајци и граѓански посредници организирале шема за „брзи лични документи“

Полицајци и граѓански посредници организирале шема за „брзи лични документи“

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Избегнат голем инцидент на автопатот Скопје–Велес – гостиварец возел во спротивна насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција во Скопје: Приведени шест лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шпанија го затвори воздушниот простор за американски воени авиони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре три тетовски села остануваат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.