петок, септември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Судот во Благоевград повторно одби регистрација на македонска организација

by Redakcija
11.02.2026
in Балкан
Судот во Благоевград повторно одби регистрација на македонска организација

Судот во Благоевград ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација, одбивајќи го барањето на Здружението на репресираните Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор. Барањето за регистрација беше поднесено на 20 јануари годинава, но, според судот, дел од целите на организацијата се „насочени против единството на нацијата“, изјави Атанас Кирјаков, претседател на Градскиот комитет на ОМО Илинден во Благоевград.

Оваа одлука продолжува долготрајна пракса на бугарските судови, кои од 1990 година систематски ги одбиваат македонските организации, често повикувајќи се на територијалниот интегритет и националното единство. Првиот таков случај е токму ОМО Илинден, која веднаш по поднесувањето била одбиена, иако подоцна Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ) пресудил дека е прекршено правото на слобода на здружување.

Од тогаш, бројни македонски организации во Бугарија се соочуваат со истиот проблем, а меѓународните институции, вклучително и Советот на Европа, редовно изразуваат загриженост за почитувањето на овие права. Одбивањето на регистрацијата значително го ограничува правото на здружување на Македонците, спречувајќи ги да функционираат легитимно и да ги застапуваат своите историски и културни интереси, истакнува Кирјаков.

Related Posts

Воздушна тревога во Романија: Дрон падна кај Солка, во акција Ф-16

24.09.2026

Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

24.09.2026

Европскиот пат на Црна Гора под знак прашалник: Хрватска бара решавање на старите спорови

24.09.2026

Шефицата на албанската тајна служба во притвор: Пронајдени и документи со државна тајна

23.09.2026

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Препорачани Вести

Димитриеска-Кочоска: МФ домаќин на Работилница на Програмата за управување со јавнен долг и ризици – Ги зајакнуваме и унапредуваме институционалните капацитети

3 месеци ago
Сообраќајот на државните патишта тече непречено, но внимателно поради влажни коловози и зимски услови

Затворен патот Скопје – Македонски Брод: Сообраќајот ќе биде во прекин во одредени термини

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Платформата против Филипче најави промени во СДСМ: „Партијата е на егзистенцијален минимум“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,85 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.