среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Запрени сите летови на аеродром во Тексас поради безбедносни причини

by Redakcija
11.02.2026
in Свет
Запрени сите летови на аеродром во Тексас поради безбедносни причини

Американската Федерална управа за авијација (FAA) издаде необична и итна наредба за Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас, наложувајќи стопирање на сите летови во наредните десет дена. Причината – „посебни безбедносни закани“ – кои го поставуваат воздушниот простор околу аеродромот во статус на „национален одбранбен воздушен простор“.

Според NOTAM-от, пилотите кои ќе го игнорираат забраната ризикуваат да бидат пресретнати, задржани и испрашувани од безбедносните служби. Во најекстремни случаи, владата предупредува дека може да се користи и „смртоносна сила“ против летала што се сметаат за непосредна закана.

Забраната се однесува на сите летови кон и од Ел Пасо, важи за висина до 5.500 метри (околу 18.000 стапки) и е во сила до 21 февруари, 6:30 часот UTC. Ограничувањето ја опфаќа зона со радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри), вклучувајќи го и близок воен аеродром, Бигс. NOTAM-от е категоричен: „Ниту еден пилот не смее да управува со летало во овие подрачја.“

Аеродромот се наоѓа само шест километри од мексиканската граница, но наредбата се однесува исклучиво на американскиот воздушен простор. За споредба, во текот на 2024 година, повеќе од четири милиони патници минале низ овој сообраќаен јазол, што ја прави одлуката на FAA особено значајна и невидена во последните години.

Related Posts

Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

23.09.2026

Научници: Големиот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи – ова се најзагрозените земји

23.09.2026

Избувна нова војна во Африка

23.09.2026

Руски воен хеликоптер влезе во Полска: Веднаш беа кренати полски борбени авиони

23.09.2026

Командант на НАТО предупредува на опасна тактика: Путин сака да ја испровоцира Алијансата

23.09.2026

Украина ја употреби новата ракета „Фламинго“ во нападот врз Москва

23.09.2026

Препорачани Вести

Руски тајкун исчезна на Кипар

8 месеци ago

Камион и автомобил се судрија кај Мирковци, незгода и со мотоцикл во Аеродром

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова кола за 4.500 евра – Моделот што ја освојува Индија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија вратила пратка од над два тона македонско кисело млеко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малиот Бајрам ја победи тешката битка: „Победничкото ѕвонче“ повторно одекна на Детската клиника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.