четврток, април 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Повеќе знаење, инвестиции и зелена транзиција преку партнерства со Шведска, Холандија и Marmara Group

by Redakcija
12.02.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери од Шведска, Холандија и со претставници на Marmara Group, со фокус на унапредување на соработката, привлекување инвестиции и подигнување на стандардите во енергетскиот и рударскиот сектор.

На средбата со амбасадорот на Кралството Шведска било разговарано за продлабочување на билатералната соработка, размена на експертиза и поврзување на домашните универзитети со шведските искуства. Божиновска истакнала дека Шведска претставува пример за технолошки напредно и одржливо рударство, знаење кое, како што посочила, е потребно за модернизација на македонскиот сектор.

Со амбасадорката на Кралството Холандија, министерката ја зајакнала комуникацијата во делот на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Во фокусот на разговорите биле иновациите, практичните решенија и конкретната експертска поддршка за спроведување на зелената транзиција.

Божиновска остварила средба и со претставници на Marmara Group, при што биле разгледани можностите за инвестиции во соларната енергија, како и потенцијалното учество на Евроазискиот економски самит. Според неа, ова претставува платформа преку која Македонија може да се позиционира како сериозен и стабилен партнер на меѓународната економска сцена.

„Македонија сака модерна енергетика, одговорно рударство и чист воздух. Работиме на зелена транзиција, но и на економска стабилност. Работиме на инвестиции, но и на знаење. Работиме на партнерства што носат резултати“, порача Божиновска.

…

Related Posts

Николоски: Интензивни ноќни активности на автопатот Охрид–Кичево

29.04.2026

Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

29.04.2026
Словенците шокирани од цените во хрватските продавници

Словенците шокирани од цените во хрватските продавници

29.04.2026
ОАЕ бараат долари од САД: Во спротивно ќе се свртат кон кинескиот јуан

Зошто излегувањето на Емиратите од нафтениот картел е голема работа?

29.04.2026
Можеби доаѓа нова финансиска криза: „Нема да биде како во 2008 година“

Можеби доаѓа нова финансиска криза: „Нема да биде како во 2008 година“

29.04.2026
Мицкоски: Засега нема намалување на акцизата за дизел

Мицкоски: Засега нема намалување на акцизата за дизел

29.04.2026

Препорачани Вести

Дизелот во САД достигна највисока цена во речиси две години поради тензиите во Блискиот Исток

Грците се повеќе точат гориво во Битола поради растот на цените

1 месец ago

Кина го обвини својот највисок генерал за наводно оддавање нуклеарни тајни на САД

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Интензивни ноќни активности на автопатот Охрид–Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција воведува нови правила: 251 плажа без лежалки, чадори и градби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денес затворени сите споредни приклучоци на автопатот Охрид–Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: По еден век конечно асфалт до црквата во Ротино – жителите благодарни до Општина Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Центар, Карпош и Драчево утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.