вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Две скопски газдарици ќе одговараат за пожарот кој го задуши градот

by Redakcija
12.02.2026
in Црна Хроника

Тројца сопственици и управители на фирма ќе одговараат за сериозно загадување во скопско Визбегово, откако обвинителството поднесе обвинение поради незаконско складирање опасен отпад што доведе до голем пожар и масовно загадување на воздухот.

Според обвинението, од крајот на февруари до почетокот на јули минатата година, обвинетите без дозвола складирале и управувале со опасен отпад на парцела во Визбегово. Станува збор за материјали со експлозивни, запаливи и токсични својства, како и супстанции што можат да бидат канцерогени и штетни за животната средина.

На 9 јули 2025 година на локацијата избувнал пожар кој, поради обемот и ризикот, не можел веднаш да биде ставен под контрола. Дел од отпадот изгорел, при што во воздухот се издигнал густ црн чад. Мерењата на надлежните служби потврдиле значително загадување.

Обвинителството наведува дека со ваквите постапки била создадена сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина.

Одговорноста се лоцира кај управителката и сопственичка на фирмата, која заедно со уште едно лице активно учествувала во незаконското работење. Обвинение е поднесено и против уште една сопственичка на фирмата и на парцелата, која според обвинителството требало да биде свесна за ризиците што ги носи складирањето ваков отпад.

На обвинетите им се става на товар кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад.

…

Related Posts

Избегнат голем инцидент на автопатот Скопје–Велес – гостиварец возел во спротивна насока

30.03.2026

Полициска акција во Скопје: Приведени шест лица

30.03.2026

Починат маж пронајден во напуштен објект во Аеродром – до него е пронајден пиштол

30.03.2026

Две убиства ја потресоа Македонија само за 48 часа

30.03.2026

Сведоштво на мајката на Ивана во судницата ја остави цела Македонија без зборови

30.03.2026

Тетовец останал без своето БМВ: Наместо кај механичар, возилото завршило на отпад

30.03.2026

Препорачани Вести

Нов систем, нула трошоци: Советот на Битола преминува на електронско гласање

2 месеци ago
Земјата каде снегот ги гуши куќите: Најмоќните снежни наноси на светот

Земјата каде снегот ги гуши куќите: Најмоќните снежни наноси на светот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Избегнат голем инцидент на автопатот Скопје–Велес – гостиварец возел во спротивна насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција во Скопје: Приведени шест лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шпанија го затвори воздушниот простор за американски воени авиони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре три тетовски села остануваат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.