среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ЕУ размислува за заедничко задолжување за финансирање на одбраната

by Simovski
12.02.2026
in Свет
ЕУ размислува за заедничко задолжување за финансирање на одбраната

Во пресрет на 62. Минхенска безбедносна конференција, шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, повика на заедничко европско задолжување како начин за финансирање на зголемените трошоци за одбрана. Според нејзините зборови, заемите земени заеднички од сите членки би биле поевтини отколку националните кредити, а Европа веќе има искуство со ваков пристап од време на пандемијата на Ковид-19.

„Како тогаш, така и денес, Европа се соочува со закана што го загрозува целиот континент“ нагласи Калас.

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел ја повтори идејата дека заедничко задолжување за одбранбени проекти е неизбежно. Тој посочи дека, и покрај долгогодишната германска позиција дека трошоците за одбрана треба да се покриваат преку национални буџети, реалноста е дека и во Германија дел од овие расходи можат да се финансираат единствено преку задолжување.

Габриел се повика и на извештајот на поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, кој препорача делумно финансирање на европската одбрана преку заеднички долгови. – Иако овој пристап носи ризици и би бил скап, руските трупи на границата со Полска претставуваат уште поголем и поскап ризик – истакна тој.

Минхенската безбедносна конференција, која почнува утре, ќе собере повеќе од 60 светски лидери и околу 100 министри за надворешни работи и одбрана, што ја прави една од најзначајните платформи за дебата за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа.

Related Posts

Јоханес Хан се повлекува од функцијата специјален пратеник на ЕУ за Кипар

24.03.2026

Прислушувањето на Сијарто предизвикува дипломатски скандал во Унгарија

24.03.2026

Иран лансира серија ракетни напади врз Израел

24.03.2026

Саудискиот принц повика на продолжување на конфликтот со Иран

24.03.2026
trump

CNN: САД немаат јасна опција за завршување на војната во Персискиот Залив

24.03.2026
Третиот круг разговори во Женева денес меѓу Иран и САД

Пресврт во Иран: Техеран наводно прифаќа преговори со Вашингтон

24.03.2026

Препорачани Вести

Лажни пораки во име на Пошта на Македонија – не кликнувајте на сомнителни известувања

2 месеци ago

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија, железничкиот сообраќај во прекин

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Јоханес Хан се повлекува од функцијата специјален пратеник на ЕУ за Кипар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Со електронската архива чувањето предмети во фиока станува минато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Центар и Шуто Оризари утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прислушувањето на Сијарто предизвикува дипломатски скандал во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.