сабота, април 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Општина Битола силно стои зад спортистите и спортските клубови

by Redakcija
13.02.2026
in Република, Топ Вести

Општинскиот сојуз на спортови и Општина Битола по 62-ри пат ја организираат манифестацијата Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година. Повод за тоа беше денешната прес конференција.

Годинашното мото на манифестацијата е „Верувај во себе, направи шампион“.

Претседателот на Сојузот на спортови Сашко Павловски рече дека подготовките се во завршна фаза, очекуваат и гости од неколку федерации од Македонија и гости од Министерството за спорт.

По категории ќе бидат избрани 10 најдобри спортисти, потоа најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци.
„Имаше над 130 предлози за оваа година за избор на спортист. Навистина зад нас имаме многу успешна година во спортот во градот и бевме пред тешка одлука да ги определиме најдобрите“ рече Павловски.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кажа дека како Општина Битола спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа.

„Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија“ вели Коњановски.

Манифестацијата ќе се одржи вторник на 17 февруари со почеток во 19:00 часот во Народниот театар Битола, а вечерва од 18:00 часот и изложба на спортска фотографија во фоајето на Народниот театар од четворица автори.

Related Posts

Влада најавува намалување на акцизите: Бензините поевтинуваат

04.04.2026

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно мета на вандализам

03.04.2026

Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

03.04.2026

Коњановски на средба со Азески: Инфраструктурата клучна за развој на регионот

03.04.2026

Проданоски: Прилеп влегува во интензивна градежна трансформација

03.04.2026

Нови ваучери за инвертер клима – Еве како да аплицирате

03.04.2026

Препорачани Вести

Ројтерс објави мапа на смртта за Блискиот Исток: Илјадници жртви во Иран, бројките по земји ја покажуваат ширината на кризата

6 дена ago
alta banka

АЛТА банка Белград поседува над 95% од акциите во Битола

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Блок со ЗОИЛ Македонија од 104,88 милиони денари ја обележа неделата – Алкалоид најголем добитник (+3,39%)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Турција: Тешка автобуска несреќа голем број загинати и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ова се условите на Техеран за крај на војната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нафтената криза прераснува во глобален проблем: растат цените и се заканува недостиг на производи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозија пред произраелски центар во Европа – полицијата во потрага по сторителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.