четврток, април 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Прилеп повторно ќе има Градски дувачки оркестар, дебито за Прочка (ВИДЕО)

by Redakcija
13.02.2026
in Република

По пауза од 10 години, Градскиот дувачки оркестар во Прилеп повторно е во функција. Составен е од околу 15 членови, сите млади и музички образовани, кои се горди што градот повторно ќе има оркестар со кој ќе се пофали на бројните културни манифестации. Дел од нив претходно настапувале и во составот кој згаснал во 2015 година.

„Нашите почетоци беа во оркестарот, настапувавме на многу концерти, вклучувајќи го и јубилејот од 50 години. По замрзнувањето на оркестарот, иницијативата за негово обновување дојде од повеќе музичари од градот, вклучително и поранешни членови“, велат од оркестарот.

Своето деби повторно ќе го имаат на дефилето за време на Карневалот Прочка на 22 февруари. Во моментов подготвуваат маршеви и композиции кои ги свират светски познати оркестри. Оркестарот ќе настапува на државни празници, културни настани и дефилеи, со цел да ја одржува музичката традиција и културниот живот во градот.

Според историските записи, Прилеп имал Градски дувачки оркестар уште во 1909 година, а со текот на годините бројката на оркестри стигнала до три големи состави, кои подоцна се здружиле во еден.

Во иднина, дувачкиот оркестар ќе се користи и како камерен состав, вклучувајќи тематски вечери и евергрин концерти, со цел да стане уште еден препознатлив бренд на Прилеп. Членовите нагласуваат дека се горди што ќе настапуваат повторно и дека репертоарот ќе биде составен од светски познати композиции, достапни за поширока публика.

Видеото може да го погледнете тука

….

Related Posts

Утре 16.04.2026 повеќе делови од Битола ќе бидат без електрична енергија

15.04.2026

Утре 16.04.2026 повеќе делови од Тетово и тетовско ќе бидат без струја

15.04.2026

ЈКП „Водовод“ Битола со втора смена за побрзо отчитување на водомерите

15.04.2026

Коњановски: Женското претприемништво е двигател на локалниот економски развој во Битола

15.04.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Утре повеќе тетовски села ќе бидат без струја

14.04.2026

Коњановски: Решаваме децениски инфраструктурни предизвици во Битола

14.04.2026

Препорачани Вести

Официјално отворена железничката линија Белград-Будимпешта

Официјално отворена железничката линија Белград-Будимпешта

2 месеци ago

АХВ стопираше 50 тони храна: Ова не смеело да стигне до вашата трпеза

4 недели ago

Популарни Вести

  • Тешка сообраќајка во центарот на Скопје – Повреден пешак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп со позитивни вести – дали цените на нафтата ќе се стабилизираат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Тајните тунели во Иран повторно активни – што покажуваат сателитските снимки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска – Кочоска: Стратешкиот дијалог со САД е двигател за стабилни финансии и економски раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невролог открива: Ова хоби најсилно го активира човечкиот мозок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.