Скопје, 13 февруари 2026 – 56-годишна жена од Скопје се здобила со тешки повреди откако била удрена од патничко возило на улицата „Орце Николов“.
Според информациите, во неа удрило возило марка „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен скопјанец.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, по што повредената била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините за несреќата.










