недела, септември 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Петарда за Малта: Македонија до 16 години доминантно до 0:5

by Redakcija
14.02.2026
in Спорт

Младата репрезентација на Македонија до 16 години забележа убедлива победа од 0:5 против Малта, во натпревар во кој доминираше од првата до последната минута.

Резултатот беше отворен во 12. минута со одлично одземена топка на Полимац, кој асистираше до Емини, а тој со прецизен удар донесе водство од 0:1. Во 24. минута домаќините останаа со играч помалку поради црвен картон по старт надвор од шеснаесетникот врз Велески.

До крајот на полувремето Македонија ја зголеми предноста. Во 32. минута по одлично додавање на Велески, Полимац погоди за 0:2, а во 40. минута повторно Полимац одзеде топка, асистираше до Емини, кој стрелаше за убедливи 0:3 на пауза.

Во вториот дел продолжи притисокот. Крстевски се закани во 47. минута, а минута подоцна повторно беше во шанса, но голманот одбрани. Во 54. минута по центаршут на Адеми од корнер, следуваше автогол на домашниот играч за 0:4.

Конечните 0:5 беа поставени во 67. минута од пенал, сигурен реализатор беше Крстевски. До крајот Македонија создаде уште неколку изгледни шанси, Николов имаше стопроцентна можност во 70. минута, а Недановски во 81. минута ја погоди стативата.

Одлично издание на избраниците на селекторот Исејни, со доминантна игра и ефикасност.

Македонија до 16 години: Илан Мемети, Михајло Павлов, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Александар Полимац, Дардан Адеми, Марин Крстевски (К), Илија Аксентиев, Огнен Сивевски, Адријан Велески, Медин Емини;

Митко Стојанов, Матеј Бочевски, Матеј Николов, Далибор Марковиќ, Димитар Петров, Ефе Раифи, Ејсер Фетаи, Боби Несановски, Дијан Ибраими, Благоја Седлоски;

Related Posts

Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

Македонија 517 минути без гол и девет натпревари без победа: Поразот од Швајцарија ја продлабочи кризата

27.09.2026

Се гради стадион за 135.000 луѓе: Проектот е инвестиција од 35 милијарди долари

26.09.2026

Македонските фудбалери се собраа во Скопје, започнуваат подготовките за Лигата на нации

21.09.2026

Македонскиот талент Ник Дејкос го освои Браунлоу медалот за најдобар играч во Австралија

21.09.2026
Мурињо експлодираше по мадридското дерби: „Два чисти црвени картони – ваков меч не е за неискусен судија“

Мурињо експлодираше по мадридското дерби: „Два чисти црвени картони – ваков меч не е за неискусен судија“

20.09.2026

Глаголицата на новите хрватски дресови

17.09.2026

Препорачани Вести

САД повторно го нападнаа Иран, Техеран тврди дека жестоко возвратил

3 месеци ago

Николоски: Инфраструктурните инвестиции ќе обезбедат одржлив економски раст и регионална поврзаност

4 месеци ago

Популарни Вести

  • За едно деноноќие приведен 21 возач: Десетмина без положен испит, десетмина под дејство на алкохол

    За едно деноноќие приведен 21 возач: Десетмина без положен испит, десетмина под дејство на алкохол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Еуроњуз“: Русија бара борци во Белорусија преку интернет-огласи – нуди високи исплати и руско државјанство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе може ли вештачката интелигенција сама да избира цели? САД и Русија отстранија дел од нацрт-правилата за автономно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски напади врз дата-центри во Украина: Прекини на интернет за околу 100.000 домаќинства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров и Вадефул разговараа во Њујорк: Прва средба на шефовите на дипломатиите на Русија и Германија од 2022 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.