вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за Newsmax Balkans: Рекордни инвестиции од речиси 6 милијарди евра за стабилен и зелен енергетски систем

by Redakcija
15.02.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во енергетиката во својата историја, со вредност од 5,7 до речиси шест милијарди евра.

Во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsmax Balkans, Божиновска истакна дека инвестициите веќе започнуваат да се реализираат и имаат јасна цел – создавање стабилен, одржлив и предвидлив енергетски систем.

„Ова се најголемите вложувања во енергетиката досега и тие започнуваат да се реализираат уште во текот на оваа фискална година“, нагласи министерката.

Таа потенцираше дека клучен чекор за привлекување инвестиции е донесувањето на новиот Закон за енергетика, кој е целосно усогласен со европското законодавство.

„За првпат имаме модерен, европски закон за енергетика кој е поздравен од сите меѓународни партнери. Инвеститорите конечно имаат јасна институционална рамка и предвидливи процедури“, рече Божиновска.

Според неа, новиот закон воведува системско планирање со јасно дефинирани рокови за реализација на проектите, што претставува значителен напредок во однос на претходниот период.

Интересот на инвеститорите, како што посочи, е исклучително висок. Поднесени се 284 иницијативи, од кои 67 проекти ја поминале селекцијата.

„Планот за 2026 година веќе е целосно пополнет, а пријавите за 2027 година се отворени до 1 јуни. За првпат имаме јасен увид што, каде и како ќе се гради“, изјави министерката.

Најголемиот интерес е насочен кон соларните електрани, но за првпат се воведуваат и батериски системи за складирање електрична енергија.

„Годинава ќе имаме и батериски системи, што е клучно за стабилноста на преносната мрежа“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека сите инвестиции се насочени кон зелена енергија, со цел намалување на увозот на електрична енергија и потенцијално позиционирање на државата како извозник.

„Во 2024 година увозот на електрична енергија изнесуваше 11 проценти. Очекуваме овој процент дополнително да се намалува, па дури и да се приближи до нула во наредните три до пет години“, рече министерката.

Божиновска најави и изработка на нова национална стратегија за развој на енергетиката за наредните 20 години, која ќе ги опфати и новите технологии како водородот и малите нуклеарни реактори.

Во однос на гасната инфраструктура, таа потврди дека се активирани проектите за поврзување со Србија и Грција.

„Со поврзувањето со Грција и Србија, Северна Македонија ќе стане енергетски јазол во регионот, што ќе донесе и дополнителни приходи од транзит на гас“, нагласи таа.

Министерката порача дека Владата останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните, потенцирајќи дека цената на електричната енергија се одржува стабилна.

„Свесно продаваме електрична енергија по цена пониска од производната за да спречиме ценовни шокови. Не очекуваме драстични поскапувања, туку евентуално минимални корекции од еден до два проценти“, изјави Божиновска.

На крајот, таа оцени дека реформите во енергетиката се клучен дел од европскиот пат на земјата.

„Имаме закон, подзаконските акти се во подготовка и верувам дека сме на добар пат. Предизвици има, но имаме јасна визија и силен интерес од инвеститорите“, заклучи министерката.

….

Related Posts

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

31.03.2026
Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

Европа бега кон алтернатива за фосилните горива: Соларни панели, топлински пумпи и електрични возила

31.03.2026

Златото ја задржува стабилноста: Грам по 127 евра, унца близу 4.000 евра

31.03.2026

Проданоски: Меѓуопштинската соработка е клуч за поефикасни услуги кон граѓаните

30.03.2026

Божиновска: Со енергетска ефикасност до помали трошоци – Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

30.03.2026

Вкупен промет од 125,42 милиони денари, слаб пад кај банките и стабилен ОМБ

30.03.2026

Препорачани Вести

Штрајк ја парализира „Луфтханза“: Утре масовни откажувања на летови од германските аеродроми

2 месеци ago
Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

1 месец ago

Популарни Вести

  • Ирански дрон нападна кувајтски танкер со нафта во Дубаи

    Ирански дрон нападна кувајтски танкер со нафта во Дубаи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија утрово ја потресе Македонија: 34 – годишник си го убил сопствениот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио: На еден или на друг начин, Ормутскиот Теснец ќе биде отворен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Народната банка ја одржа 57. сесија на Клубот на истражувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.