петок, април 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Елмази и Хоџа на терен во Сарај: Сите служби мобилизирани по поплавите во Буковиќ и Семениште

by Redakcija
15.02.2026
in Скопје

Градоначалникот на Општина Сарај Мухамед Елмази и министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа се на терен во општина Сарај, каде ја следат состојбата по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во селата Буковиќ и Семениште и ја координираат реакцијата на институциите.

Тие заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али и министерот за европски прашања Беким Сали се на лице место, каде се преземаат мерки за справување со последиците и заштита на населението.

По пријавите за поплавени куќи, Центар за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни служби и обезбедил координација на терен.

Екипи од пожарникарските служби од Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје работи на стабилизација и прочистување на канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања.

Паралелно, Дирекција за заштита и спасување врши проценка на штетите и обезбедува логистичка и техничка поддршка, во координација со локалните власти.

Од терен се порачува дека институциите делуваат координирано и интензивно, со цел што побрзо санирање на последиците, заштита на граѓаните и минимизирање на материјалната штета. Надлежните служби остануваат на терен сè додека состојбата целосно не се стабилизира.

…

Related Posts

Скопје под посебен сообраќаен режим во недела

03.04.2026
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Делови од Скопје денес без струја

03.04.2026

Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

02.04.2026

Општина Чаир го одбележа Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот

02.04.2026

Овие делови од Скопје утре ќе бидат без струја

01.04.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Прекин на струја во дел од Кисела Вода

01.04.2026

Препорачани Вести

Нови детали за Апелацискиот судија Ѓоко Ристов

2 месеци ago

Инцидент на детски фудбалски меч во Тетово: Обид за напад врз млади играчи, едно лице е приведено

1 месец ago

Популарни Вести

  • ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДСМ, предметите ги користела за уцена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 22,48 милиони денари, раст кај Макпетрол и УНИ Банка, пад кај Македонски Телеком

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп влегува во интензивна градежна трансформација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон ги повикува „средните сили“ во сојуз против Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Демократски сенатор: Генералите му велат на Хегсет дека плановите за Иран се катастрофални

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.