недела, јуни 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска беше играч на СДСМ, предметите ги користела за уцена

by Redakcija
03.04.2026
in Македонија

Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва – вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, со кое реагира на нејзината оставка и на нејзиното образложение за таа одлука.

„Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.

Не навлегувајќи во нејзината реакција и процедурите во обвинителството кои се нивна работа и одлука, сепак не можеме да споменеме една дилема која ни се јавува додека ја гледаме како мисли дека народот заборавил на Катица Јанева и трите грации од кои очекуваа правда и наместо правда добија Луј Витон афера, но ако беше Ленче Ристоска обвинител со вредности и критериуми и личност која не е врзана со СДСМ и Заев ќе имаше бар еден случај со кој ќе го докажеше тоа. Ќе имаше бар еден случај со кој ќе докажеше дека сака правда или ако ништо друго ќе се обидеше да провери барем една од стотиците наши индиции за сторен криминал на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Наместо да ги амнестира оние кои ја направија обвинител во СЈО, СДСМ и ДУИ, и да глуми жртва апелираме до нејзе да сфати дека моралот не е само збор туку е во својата суштина однесување и делување. Дела, а не зборови. Нејзините зборови ќе имаа поголема смисла ако зад нив имаше дела.

Иако според она што е образложено предметите Талир се предадени на обвинител кој е од обвинителство кое има стварна надлежност над нив, наместо да се заради било каква, а веројатно и партиска подобност држени надвор од секоја логика кај Ристова, како што обвинителството под контрола на СДСМ и ДУИ ги држеа кај нејзе со години, за да го држи уценето ВМРО-ДПМНЕ со ненормално долги постапки. На пример постапките за Талир траат 10 години и ако правдата функционираше досега ќе имаа епилог, било каков. Ние не навлегуваме во епилогот туку дека требаше да го има. Ако има вина пресуда, ако нема ослободување. Но не. Нема епилог, туку се добива впечаток дека Ристоска ги држеше кај себе за да ВМРО-ДПМНЕ биде уценето.

ВМРО-ДПМНЕ исто како и целиот народ очекува правда, владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата без разлика на функција, партиска, етничка или било каква друга припадност. Кој згрешил, кој прекрши закон мора да одговара. Затоа овие обиди на Ристоска да глуми жртва ги сметаме за нејзиното дополнително одработување против правдата во Македонија и во заштита и обид за дефокусирање на темата од криминалите на СДСМ и ДУИ и обид да се продолжи перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи со праксата за перцепциска вина на партијата, кои СДСМ и ДУИ го правеа со години, за да ги кријат своите криминали и за да ги прават предавствата на народот и државата. Ова фрлање пердуви, иако и самата знае дека не е аргументирано и не е правно и праведно, е само уште еден доказ за нејзините намери и цели.

Заврши времето на политички агенди и инструментализација на правдата. Да беше Ристоска со вредности како што кажува, ќе си одеше од СЈО кога се делеа награди, кога лапаа награди, покачувања, дополнителни плати кои ги делеа сите таму и кога шетаа Луј Витон торбици. Таа не само што остана таму туку продолжи да биде десна рака на Катица Јанева. За сега да глуми жртва и борец за вредности. Народот памети се. И среќа нема кратка меморија како што Ристоска, исто како и Заев сметаат.

За крај не сакаме да навлегуваме во детали за нејзините обиди за лобирање кај ВМРО-ДПМНЕ, и неуспешната амбиција да оди во странство, кое ако успееше сигурно Ристова немаше вака да реагира и ќе и беше сеедно дали Талир или било кој предмет е кај нејзе или не е.

Ја познаваме добро Ристоска, а некои од нашите членови и предобро, и оваа глума не проаѓа. А не проаѓа ни кај народот кој сака правда кој е свесен за улогата на СЈО и изневерените очекувања, и за предавствата и криминалите кои се случуваа со години во државата, додека Ристова беше обвинител, не ги забележуваше, и со прст не мрдна да ги спречи и санкционира“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

…

Related Posts

ВЛЕН: Автопатот Скопје–Блаце станува реалност, она што не беше направено 24 години го реализираме за 24 месеци

14.06.2026

ТУРИСТИЧКИ ХАОС КОН ГРЦИЈА: Се чека и по четири часа на граница, километарски колони на Богородица и Дојран

14.06.2026

РЕЧИСИ 13 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ ДОЛГ! УЈП објави нова листа – над 5.000 граѓани и компании должат на државата

14.06.2026

Грин Машинс ќе го придружува Иџе на европските патеки – брендот станува спонзор на најтрофејниот македонски автомобилист

14.06.2026

Ахмети најави повлекување: „Нема цел живот да бидам претседател на ДУИ“

13.06.2026

Николоски: Почнуваме со изградба на автопатот Скопје – Блаце, клучна врска со Косово и Црна Гора

13.06.2026

Препорачани Вести

ПРОГЛАСЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КИЧЕВО: десетици куќи под вода, евакуирани 200 граѓани,  прогласена кризна состојба

4 месеци ago

Планирани прекини на струја во делови од Тетово и Брвеница

4 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) СВЕТОТ ВООДУШЕВЕН: Илјадници Турци на изгрејсонце го следеа Светското првенство во антички театар стар 2.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДРОГА НА СЕКОЈ ЧЕКОР: 12 ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ОХРИД И СКОПЈЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загрижувачки резултати од полициските контроли во Битола: 44 моторциклисти без кацига, петмина возеле под дејство на алкохол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ескалира револтот во Албанија: Демонстранти урнаа огради околу проектот на Џаред Кушнер, расте притисокот врз Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Автопатот Скопје–Блаце станува реалност, она што не беше направено 24 години го реализираме за 24 месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.