На 20.10.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улица „Борис Трајковски“ со улица „Емил Зола“ во Скопје, електричен тротинет удрил во 71-годишната С.В.К. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштил местото.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.В.К., констатирани во Јавна здравстевна установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
…











