среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Голем пожар кај Велес: „Ер трактори“ интервенираат, чадот се движи кон автопатот

by Redakcija
28.07.2026
in Република

Голем шумски пожар избувна попладнево во велешката месност Дорутовец, во близина на бензинската станица на „Макпетрол“, пред самиот влез во Велес.

Поради силниот ветер и опасноста огнот брзо да се прошири, надлежните активираа дополнителни сили за гаснење. Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, нареди итно ангажирање на два противпожарни авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

На терен интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес со две возила и шестмина пожарникари. Во гаснењето помагаат и жители од селото Чалошево, како и екипа со цистерна од ЈП „Дервен“.

По воздушната интервенција опасноста од понатамошно ширење е намалена, но пожарот продолжува да се движи во правец на патот Велес – Штип. Дополнителен проблем создава густиот чад кој, поради ветерот, се шири кон автопатот.

Од Главниот штаб за управување со кризи побарана е поддршка од Министерството за внатрешни работи доколку биде потребно регулирање на сообраќајот поради намалена видливост.

Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни при движење во овој регион, а граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат насоките на службите.

Според последните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, во текот на денот низ државата биле регистрирани девет пожари на отворен простор. Четири се уште се активни, пет се изгаснати, а поради високите температури и силниот ветер опасноста од нови ширења останува висока.

…

Related Posts

Проданоски: Отвораме нови можности за австралиски инвестиции во Прилеп

22.09.2026

Општина Битола организира турнир во футсал и есенски крос во рамки на Европската недела на спортот

22.09.2026

Проданоски во Штавица и Тројаци по повод празникот Мала Богородица

21.09.2026

Тоневски: Нека е честит и благословен празникот Мала Богородица

21.09.2026

Коњановски: Инвестираме во училишна средина која ги поттикнува знаењето и еколошката свест

21.09.2026

Коњановски: Жените се движечка сила на заедницата, а поддршката и знаењето се клуч за успех

21.09.2026

Препорачани Вести

Златото повторно во фокусот: Шпанија со највисока вредност на резервите во последните децении

8 месеци ago

Зеленски официјално побара дозвола од САД за производство на ракетите „Патриот“ во Украина

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Украина ја употреби новата ракета „Фламинго“ во нападот врз Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен припадник на ОВК приведен на „Блаце“ – се огласи по ослободувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 23 СЕПТЕМВРИ: ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, ЉУБОВНИ ИЗНЕНАДУВАЊА И НОВИ МОЖНОСТИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.