недела, март 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

ФОТО – ПОТОП ВО ПОВЕЌЕ РЕГИОНИ ВО ДРЖАВАТА: Евакуирани граѓани во Кичево, поплави во Скопско, Тетовско и Гостиварско

by Уредник
15.02.2026
in Македонија

Обилните врнежи што ја зафатија земјава предизвикаа поплави и излевања на реки во повеќе региони, при што најкритична е состојбата во Кичево, каде беа евакуирани жители од поплавените домови.


Во кичевскиот регион, по излевањето на Зајашка Река, поплавени се повеќе куќи и дворови, а дополнително се пријавени уште десетици зафатени семејни објекти. Евакуирани се стари лица, деца и изнемоштени жители од најпогодените домови, кои се згрижени на безбедно.


Според податоците од надлежните, околу 180 лица биле евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им е обезбедена храна, вода и основни средства.


Поплави се регистрирани и во гостиварскиот регион, каде вода навлезе во куќи, подруми и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во селото Беловиште биле извлечени лица заглавени во поплавен објект, додека во Форино излевањето на Вардар зафати земјоделски површини и создаде ризик за објектите во близина на мостот.


Интервенции имаше и во скопскиот и тетовскиот регион поради поплавени улици, подруми и одрони, а на терен се ангажирани екипи на општинските служби, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст.


Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат движење во близина на надојдени реки и да ги следат препораките на институциите, бидејќи врнежите и натаму продолжуваат и состојбата се следи.


Според досегашните информации, нема жртви, но материјалната штета е значителна, а екипите остануваат на терен до целосна стабилизација на состојбата.

Related Posts

Дончиќ: Ветата на Грција и Бугарија кон Македонија се „европска срамота“

28.03.2026

Алармантен раст на дебелината во Македонија: Се бара итна реакција

28.03.2026

Часовникот оди напред: Ноќеска започнува летното сметање на времето

28.03.2026

ВИКЕНД ШТО ГИ МЕНУВА ПЛАНОВИТЕ: Студ, ветер и снег на повидок

28.03.2026

Доктор во државна болница во Македонија заработил 700 илјади денари за еден месец

27.03.2026

Митрополитот Петар го предава својот личен имот во Австралија на епархијата

27.03.2026

Препорачани Вести

Престрелка на Карибите: Глисер од Флорида отвори оган врз кубанска крајбрежна стража, четворица загинати

Престрелка на Карибите: Глисер од Флорида отвори оган врз кубанска крајбрежна стража, четворица загинати

1 месец ago
bebe

Бутел со поддршка за новите семејства – 5.000 денари за секое новороденче

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Се огласи синот на Жарко Грозданоски — Божидар: „Наместо разбирање има медиумски линч, Тетовчани знаат кој е татко ми како лекар и како човек””

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ноќна акција во Карпош и Кисела Вода: приведени лица, казни и контроли во казина и локали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За осомничен од Брвеница се бара притвор – Ќе се гони за дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вознемирување во Тетово – жена во страв пријавила во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио: Ормутскиот теснец останува критичен, но целите во Иран се блиску до завршување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.