вторник, септември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

За осомничен од Брвеница се бара притвор – Ќе се гони за дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години

by Redakcija
28.03.2026
in Црна Хроника

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 53-годишниот Ж.Г. од тетовското село Брвеница, осомничен за убиството на 76-годишниот Климе Митрески од Охрид. Делото е квалификувано како „Убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а Основното јавно обвинителство Охрид веќе донесе наредба за спроведување истражна постапка.

Според информациите од Обвинителството, злосторството било извршено на 25 март во домот на жртвата, со мотив користољубие. Осомничениот, кој имал склучено договор за доживотна издршка со Митрески во февруари 2025 година, реагирал насилно откако дознал дека оштетениот презема чекори за раскинување на договорот, со што би останал без имотот што требало да го наследи.

По вербална расправија, осомничениот го нападнал Митрески од зад грб, го соборил на подот и повеќепати го удирал во пределот на главата. Потоа, со рака му го затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување. Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, го напуштил местото на настанот.

Од Обвинителството информираат дека клучни докази се обезбедени преку видеонадзор во куќата на жртвата, како и од други локации кои го следат движењето на осомничениот. Дополнително, посочуваат дека постојат индиции за обиди за прикривање на трагите по извршувањето на делото.

Поради тежината на кривичното дело, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, јавниот обвинител побарал определување мерка притвор. Како причини се наведуваат опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување на докази.

Од СВР Охрид соопштија дека по распишана централна потерница, осомничениот бил пронајден и уапсен на 26 март во селото Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Според полицијата, против осомничениот и претходно била поднесена кривична пријава за говор на омраза на социјални мрежи, случај кој бил расчистен од надлежните институции.

…

Related Posts

13-годишно девојче од Куманово ја претепало својата баба и се заканувало со остар предмет на семејството

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Прилеп, возачот избегал

08.09.2026

Приведен тетовец: Барал пари од поранешната партнерка за да не објави експлицитни снимки

08.09.2026

Пукање во Арачиново, едно лице е повредено

08.09.2026

Трагедија кај Свети Николе: 19-годишна девојка загина откако излетала со автомобил од патот

07.09.2026

Пожар во центарот на Скопје, приведена жена осомничена за негово предизвикување

07.09.2026

Трагедија на патот Крива Паланка – Куманово: 50-годишен мотоциклист загина

07.09.2026

Препорачани Вести

СВР Тетово со информации за пожарот во Блок 70

8 месеци ago
(ВИДЕО) „Албанија не е на продажба“: Утре голем национален протест по 100 дена отпор против проектот поврзан со Кушнер

(ВИДЕО) „Албанија не е на продажба“: Утре голем национален протест по 100 дена отпор против проектот поврзан со Кушнер

2 дена ago

Популарни Вести

  • „Пророкот на пропаста“ со мрачно предвидување за 2028: Година на голема светска криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве колку темно чоколадо дневно може да биде добро за организмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со едноставен трик можете да ги држите смрдливите бубачки подалеку од домот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најплатениот политички лидер во светот добива уште 1,1 милион долари годишно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски милијардер платил 330 милиони фунти данок, па реши да се пресели во оваа земја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.