вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Меџити: Подземни контејнери за почист Чаир и европски стандард на живеење

by Redakcija
15.02.2026
in Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денеска во населбата Топана, заедно со директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Драги Митковски, промовираше нов проект за унапредување на урбаната хигиена преку поставување на подземни контејнери, кој ќе се реализира на целата територија на општината.

Според Меџити, станува збор за современо решение кое ќе донесе видливи и конкретни подобрувања во чистотата, редот и квалитетот на живот на граѓаните.

„Ова значи помалку отпад на улиците, помалку неред и повеќе хигиена за секое семејство. Отпадот ќе се чува под земја, далеку од погледот и непријатните мириси, додека јавниот простор ќе биде поуреден и пофункционален“, изјави Меџити.

Тој посочи дека системот овозможува почиста и побезбедна животна средина, а истовремено се ослободува и дополнителен простор на улиците.

Досега се поставени подземни контејнери на пет локации, при што секоја располага со по три контејнери. Денеска е поставен шестиот пункт, со што вкупниот број достигнува 15 подземни контејнери.

Планот на општината е до крајот на годината системот да биде поставен на 15 локации, со над 50 подземни контејнери во функција на граѓаните.

Меџити нагласи дека Чаир добива нов лик и се движи кон европски стандарди, со инвестиции кои носат конкретни резултати.

„Ова е грижа за животната средина, здравјето и квалитетот на живот на граѓаните“, истакна Меџити.

….

Related Posts

Утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија

30.03.2026

Скопје под посебен сообраќаен режим утре и задутре

30.03.2026

Мајка пријавила бременост кај својата 14-годишната ќерка – институциите постапуваат по случајот

29.03.2026

Свлечиштето кај Теферич се шири: Патот буквално се распаѓа, експертите бараат итна реакција

29.03.2026

Водно 10К го раздвижи Скопје: Сообраќајот денес под посебен режим

29.03.2026

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија за вработување во Чаир

28.03.2026

Препорачани Вести

АРМ ќе проми 300 ново војници

1 месец ago

Карапетров: Привршува првата фаза од изградбата на помошниот објект на градските гробишта во Фалише

3 недели ago

Популарни Вести

  • Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

    УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Владата останува силен партнер на бизнис секторот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Напад со дронови врз нафтен танкер во Дубаи, спречена поголема еколошка катастрофа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Интензивни напади врз Исфахан, експлозии и пожари го потресоа градот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџа: Продолжуваме со зајакнување на соработката со ЕУ за обезбедување долгорочна заштита и одржлив развој на Преспанскиот регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.