петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Министерката Божиновска: Планот 2026 е насочен кон стабилен систем и извоз на струја

by Redakcija
17.02.2026
in Економија

СКОПЈЕ – Македонија влегува во нов циклус на енергетски инвестиции, кои се  вклучени во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година. Вкупниот потенцијал за инвестирање е 5,7 милијарди евра, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. На гостувањето во емисијата „Став на регионот“ на Newsmax Balkans, кое беше реализирано во нивното студио во Скопје, министерката детално го образложи новиот енергетски курс на државата, фокусиран на обновливи извори, регионално поврзување и заштита на стандардот на граѓаните.

Рекорден интерес на инвеститорите и нови технологии

Министерката Божиновска посочи дека формирањето на новото Министерство за енергетика донесе крај на бирократските лавиринти и „бркањето документи“ низ десетина различни институции, што резултираше со огромен интерес од инвеститорите.

„Интересот беше огромен. Имавме 284 поднесени иницијативи, а успешно, според наведените критериуми, поминаа 67 иницијативи“, вели Божиновска.

Таа појасни дека вкупната бројка на инвестиции само за енергетските објекти изнесува 3,7 милијарди евра. Новитет оваа година е воведувањето на батериски системи за складирање на енергија, за кои се проценува дека ќе донесат дополнителни инвестиции од 1,1 до 2 милијарди евра. Со тоа, вкупниот инвестициски потенцијал достигнува околу 5,7 милијарди евра. Најголем интерес има за соларни фотоцентрали поради климатските погодности на земјата, но се планираат и ветерни паркови, како и когенеративни гасни централи.

Стратешка цел: Од увозно зависна земја до извозник на струја

Божиновска нагласи дека примарна цел е намалување на увозот на електрична енергија, кој во 2024 година изнесувал само 11%, што таа го оцени како добар показател. Амбициите на Владата одат подалеку – Македонија да стане извозник на електрична енергија во наредните три до пет години.

„Ние веќе имаме 40% од произведената електрична енергија од зелени извори во 2024 година, што е според европски стандарди и мислам дека сме одлични“, истакна министерката, додавајќи дека се работи на интерконекциско поврзување со сите соседи, вклучително и новото поврзување со Албанија.

Капитални проекти: „Чебрен“, гасификација и регионално поврзување

 

Во однос на стратешките објекти, министерката го актуелизираше проектот за хидроцентралата „Чебрен“, кој датира уште од 60-тите години. Владата сега бара сериозен стратешки партнер за овој комплекс, чија изградба се проценува на над милијарда евра и ќе трае минимум седум години.

Значаен фокус е ставен и на гасното поврзување. Божиновска најави дека Македонија треба да стане енергетски јазол во регионот преку поврзување со Грција и Србија. За интерконекторот со Грција, таа истакна дека по повторениот тендер е постигната цена пониска за над 10 милиони евра, а изведбата ја добила домашна компанија.

„Кога ќе ја имаме врската Грција-Македонија и Македонија-Србија, Македонија ќе биде енергетски јазол. Тоа ќе значи и транзит и пари кои ќе останат во буџетот“, појасни Божиновска.

Стабилна цена на струјата за граѓаните

И покрај флуктуациите на берзите и високите производствени трошоци, министерката увери дека Владата води грижа за стандардот на граѓаните преку субвенционирање на цената на електричната енергија.

„Ние како одговорна влада цената ја даваме за 65 евра за мегават час, иако производствената е многу повисока. Свесно даваме сè за граѓаните да немаат ценовни шокови“, децидна беше Божиновска, додавајќи дека оваа зима поминала без недостаток на електрична енергија и со стабилно производство од РЕК Битола, каде се направени неопходните ремонти.

Европски курс и пофалби од Виена

На крајот од интервјуто во студиото на Newsmax Balkans, Божиновска се осврна и на евроинтеграциските процеси во енергетиката. Таа истакна дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ легислативата и дека земјата ги следи роковите од реформската агенда.

„На состанокот на Енергетската заедница во Виена бевме меѓу лидерите и бевме пофалени како едни од подобрите во регионот“, заклучи министерката.

Божиновска најави и дека Скопје наскоро ќе биде домаќин на регионална иницијатива за енергетска соработка, со цел регионот подготвено да го дочека драстичното зголемување на побарувачката на струја наметнато од развојот на вештачката интелигенција и дата центрите.

…

Related Posts

Вкупен промет од 12,59 милиони денари, најголем пад кај Комерцијална банка (–4,09%), ОМБ непроменет

09.04.2026
Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

Еве кои сектори ќе бидат во фокус на УЈП – Објавен е планот 2026 – 2027

09.04.2026

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

09.04.2026
Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

Binance: Клучните чекори за ориентирана крипто-регулација во иднина

09.04.2026
Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

Десет важни правила што менаџерите и претприемачите често ги игнорираат

09.04.2026
Нови 100-доларски банкноти со потпис на Доналд Трамп во оптек од јуни

Американската централна банка размислува за намалување на каматните стапки

09.04.2026

Препорачани Вести

Која е Илијана Јотова првата жена претседателка на Бугарија

3 месеци ago

ОКТА со убави вести за возачите – Попустот продолжува

4 дена ago

Популарни Вести

  • Бомба од Белата куќа: Доналд Трамп ги повлекува американските војници од Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Путин и нареди на Руската војска да ги запрe воените дејства за Велигден во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на две возила во Скопје – млад возач заврши во Болница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Запален автомобилот на директорка од Скопје – Полицијата со детали за случајот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.