петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Регионалната соработка клучна за стабилен енергетски систем

by Redakcija
18.02.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потпиша Меморандум за разбирање со CFS Media & Advisory DOO, во чиј состав е вклучен порталот Balkan Green Energy News и регионалната конференција Београдски енергетски форум.

Со потпишувањето на Меморандумот се воспоставува рамка за поддршка за унапредување на енергетската транзиција, инвестициите и зелената економија, како и за зајакнување на регионалната соработка и поддршка на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Меморандумот предвидува координирани активности за промоција на стратешките приоритети во енергетскиот сектор, размена на информации и искуства, поддршка на реформските процеси и унапредување на соработката со партнерите од регионот и Европската унија.

Министерката Божиновска нагласи дека воспоставувањето вакви партнерства претставува важен чекор кон зајакнување на институционалната соработка и унапредување на позицијата на државата во регионалните и европските енергетски иницијативи.

„Регионалната соработка и заедничкиот пристап кон развојот на енергетскиот сектор се клучни за обезбедување стабилен, одржлив и конкурентен енергетски систем. Благодарни сме за континуираната поддршка и професионалниот пристап во промоцијата на напредокот и реформите што ги спроведуваме. Транспарентноста и меѓународната видливост на реформските процеси во енергетиката се клучни.“ посочи министерката Божиновска.

Во рамки на Меморандумот, Министерството ќе биде институционален партнер на регионалната енергетска конференција што ќе се одржи во Белград во мај 2026 година, со активно учество на највисоката делегација во програмските и работните активности.

Од страна на CFS Media & Advisory DOO беше истакнато задоволството од воспоставеното партнерство и подготвеноста за понатамошна поддршка на активностите насочени кон унапредување на енергетската соработка во регионот.

„Им се заблагодаруваме на министерката Божиновска и нејзиниот тим за укажаната доверба и за силното партнерство. Со овој Меморандум воспоставуваме јасна рамка за соработка во промоцијата на енергетската транзиција, инвестициите и регионалното поврзување,“ посочи сопственичката на Balkan Green Energy News, Бранислава Јовичиќ.

Меморандумот ја изразува заедничката определба за развивање на партнерство, засновано на заемна доверба, заеднички интерес и долгорочна визија за одржлив развој на енергетскиот сектор.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026

Платата доцни, трошоците продолжуваат: Колкава резерва ви е потребна?

30.10.2026

Божиновска: ЕСМ нуди пониски цени на струјата, попустот на ОКТА останува

29.10.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Американската економија порасна за 3,4 отсто во третото тримесечје, надминувајќи ги очекувањата

29.10.2026

МБИ10 во пад за 0,45 отсто и блок трансакција со Авто гума од речиси 30 милиони денари

29.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Добра вест за граѓаните: Следува продолжен викенд

8 месеци ago

Стар систем, нови ризици: Козметиката и играчките без доволна контрола

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.