вторник, ноември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски најави текстуални измени на ГУП за забрзан развој на Прилеп

by Redakcija
17.02.2026
in Република, Топ Вести

Прилеп подготвува текстуални измени на Генералниот урбанистички план (ГУП) со цел да се овозможи континуитет во издавањето градежни дозволи и да се поттикне економскиот развој на градот. Со измените, на стариот ГУП кој важеше до 2023 година би му се продолжил рокот до донесувањето на нов урбанистички план, чија изработка може да трае од 24 до 36 месеци.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, посочи дека во изминатите години биле издадени мал број градежни дозволи поради неусогласеноста меѓу ГУП и деталните урбанистички планови. „Во последните осум години, на прсти се бројат издадените градежни дозволи. Тоа директно влијаеше врз економијата. Започнавме процес на измена на текстуалниот дел на ГУП за да нема застои, легално да се издаваат дозволи и да се ослободи просторот за градење. Немаме повеќе време за чекање“, изјави Проданоски.

Тој нагласи дека измените не се косат со законската регулатива и ќе овозможат ГУП да функционира до изработката на новиот план, за кој очекува да биде подготвен до крајот на мандатот. Според него, со овие измени ќе се зголеми интересот за инвестирање во Прилеп.

Од Секторот за урбанизам информираат дека доколку лани биле издадени околу 100 градежни дозволи, годинава бројот би можел двојно да се зголеми. Интересот е поголем кај физички лица, додека одобренијата најчесто се однесуваат на индивидуално и колективно домување и стопански објекти.

Во моментов во постапка на донесување се 18 детални урбанистички планови (ДУП) за градот Прилеп, како и уште 29 ДУП-ови за околината и населените места.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

17.11.2026

ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

17.11.2026

Утре без струја делови од Тетово и Сараќино: Прекини до пет часа

16.11.2026

Тоневски: Ја подобруваме достапноста на итната помош во Пробиштип и околните населени места

16.11.2026

Другите оперативни приходи го носат најголемиот дел од растот на приходите на Македонијатурист

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

4 месеци ago

(ВИДЕО) Се роди новата ѕвезда на Барселона? Синот на голманот Војчех Шчесни со магија на теренот го освои интернетот

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се урна воен авион во Србија: Станува збор за борбен авион „МиГ-29“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН УСЈЕ со повисока деветмесечна добивка но со пад на заработката во третиот квартал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.