сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Соул-божицата Марта Хај на 29. Златна Бубамара

by Redakcija
17.02.2026
in Магазин

Омилената манифестација, Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда.

Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за една од највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и позната поради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше две кариери – сопствената соло и кариерата на прв придружен вокал на Џејмс Браун.

Настапувала на иконични концерти, кои биле вистинска пресвртница во музиката од концертот во Бостон Гарден 1968 до серијата европски концерти со Лин Колинс, насловени „James Brown’s Funky Divas Tour“ во 2005.

Од своите почетоци во 1967, кога како членка од групата The Jewels го придружуваше Џејмс Браун, Марта Хај остана негов повеќедецениски придружен вокал следните 32 години. И кога The Jewels се растурија. Во децениите со него, снимаше и самостојни албуми како „Sal Soul“ во 1979, продуциран од Џејмс Браун. Во нејзината кариера е вклучено и создавањето на неколку соул – групи.

Биографија на Марта Хај објаснува зошто е наречена највредната дама во шоу-бизнисот.

Настапувала и со некои од најпознатите музичари, како Литл Ричард, Џери Ли Луис,

Темптејшн, Арета Френклин, Пати ЛаБел, Б.Б.Кинг, Мери Џи Блајџ, Стиви Вондер,

Принс, Мајкл Џексон, Полис и многу други.

Нејзинитот моќен вокал и денес звучи чудесно и потпишува обемно музичко наследство, во кое освен соул и фанки, има и многу блуз и џез – мелодии.

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе култната „I Feel Good“ – во очекување сите во салата Борис Трајковски да се чувствуваат добро во вечерта на 26 февруари, на 29. Златна Бубамара на популарноста.

Related Posts

Црно кафе или со додатоци: Што е навистина диетално?

Црно кафе или со додатоци: Што е навистина диетално?

10.04.2026
Извор: Screenshot; Instagram: Jakov Jozinović

Јаков Јозиновиќ ја разгоре „Јане Сандански“: Концертот во Скопје полн со емоции и еуфорија

10.04.2026

ХОРОСКОП ЗА 10 АПРИЛ: Кој знак треба да забави, а кој да ризикува денес

10.04.2026

Тага во светот на филмовите: Почина актер од „Игра на тронови“ на 35 години

09.04.2026
Откриени ултрабрзи темни точки што го предизвикуваат светлосниот лимит

Откриени ултрабрзи темни точки што го предизвикуваат светлосниот лимит

09.04.2026

МАКЕДОНСКИТЕ ТАНЧЕРИ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СОЛУН

09.04.2026

Препорачани Вести

Физички напад врз жена во казино, пријавен во полиција

2 месеци ago

Верижен судар на „Теодосиј Гологанов“ – четири возила оштетени

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп е симбол на воената традиција и чест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива современ изглед и поголема безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.