четврток, март 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Владата ќе повлече од набавката на нов владин авион

by Simovski
18.02.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата се повлекува од набавката на нов авион, по серијата критики од опозицијата. Мицкоски посочи дека, наводно, лидерот на СДСМ Венко Филипче на средбата му ветил дека темата за нов авион нема да биде предмет на критика, бидејќи според него „утре ќе биде друга влада“.

„Но, се чини дека не се држат до зборот. Затоа ние ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи. Ако нешто се случи, тогаш ќе им стане јасно дека дебатата за идни премиери и идни влади е бесцелна“, изјави Мицкоски во разговор со новинарите.

Премиерот нагласи дека владиниот авион е во одлична возна состојба, а иницијативата за набавка на нова леталка, според него, била поттикната од самиот екипаж кој управува со авионот.

Тој детално објасни колку пати го користел авионскиот транспорт и за кои дестинации. „Четири пати сум летал со владиниот авион. Првата пригода беше на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан за билатерална средба. Потоа патував со комерцијален лет до Виена бидејќи еден од екипажот имаше приватни обврски. На повраток, авионoт ме врати во Скопје. Втората прилика беше во Белград, каде отидов и се вратив со владин лет. Третиот пат патував за Сплит, Хрватска, на покана на претседателот Зоран Милановиќ. Мојот работен и приватен план се промени, па заради задоцнет комерцијален лет, владиниот авион ме донесе назад во Скопје. Четвртиот лет беше до Тирана“, објасни Мицкоски.

Тој додаде дека во јуни планира еднодневно патување со авионот до Црна Гора, додавајќи дека транспортот ќе се користи и за хуманитарни потреби.

Related Posts

Алиу: Предлог-законот за пушење ќе биде разгледан до крајот на април

Алиу: Предлог-законот за пушење ќе биде разгледан до крајот на април

19.03.2026
Македонија меѓу водечките земји во светот по намалување на стапката на смртност кај новороденчињата

Македонија меѓу водечките земји во светот по намалување на стапката на смртност кај новороденчињата

19.03.2026
Хрватска го поддржува процесот на евроинтеграции на Македонија, потврди Пленковиќ на средбата со Мицкоски

Хрватска го поддржува процесот на евроинтеграции на Македонија, потврди Пленковиќ на средбата со Мицкоски

19.03.2026

Коалицијата ВЛЕН се преструктурира во обединет политички субјект

19.03.2026

Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува со нови сведочења

19.03.2026

ТАЈНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ДЕЛЧЕВ: Што навистина се случи на денешен ден 1903 година во Ангиста – егејска Македонија?

19.03.2026

Препорачани Вести

Мерц повикува: Европа мора да стане технолошки независна од САД

Мерц повикува: Европа мора да стане технолошки независна од САД

1 месец ago
eu

ЕУ бара консензус за одговор на американските закани околу Гренланд

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Политичка кризa во Словенија: Израелска разузнавачка фирма вмешана во парламентарните изборите

    Политичка кризa во Словенија: Израелска разузнавачка фирма вмешана во парламентарните изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Предлог-законот за пушење ќе биде разгледан до крајот на април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските ракометарки се борат за пласман на Европското првенство: Следни противници Словенија и Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија воведува привремено намалување на даноците на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американските залихи на оружје ограничени: Може ли војната против Иран да заврши брзо?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.