понеделник, март 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

by Simovski
18.02.2026
in Економија
Рајанер најавува значително намалување на летови во Европа во 2026 година

Европскиот нискобуџетен превозник Рајанер објави драстични намалувања на своите линии за 2026 година, кои ќе го погодат транспортот на милиони патници. Според најавите на компанијата, укинувањето на околу три милиони седишта најмногу ќе го одрази воздушниот сообраќај во помалите градови, каде што опциите за летови веќе се ограничени.

Поради растечките аеродромски такси и дополнителните даноци за воздухопловство, компанијата ќе укине 24 линии и речиси 800.000 седишта во Германија. Некои аеродроми како Хамбург и Берлин ќе ја почувствуваат промената најсилно, додека операции во градови како Лајпциг и Дортмунд остануваат суспендирани уште една година. Германскиот пазар, кој сè уште се опоравува по пандемијата, се смета за еден од најслабо закрепнатите во Европа.

Уште поголеми кратења ќе има во Шпанија. Рајанер ќе намали над 2 милиони седишта во комбинација со зимскиот и летниот ред на летање, ги суспендира сите летови кон Астурија и Виго и ја затвора базата во Сантијаго де Компостела. Причината е спор со локалниот оператор Aena и повисоки такси.

Франција, Белгија и Португалија исто така ќе почувствуваат намалување на воздушниот сообраќај, со поради повисоки даноци и нови такси, особено во Брисел, Шарлероа и на Азорските Острови. Во Франција, Рајанер веќе го прекина работата на аеродромот во Клермон-Феран.

Балканските пазари не се изземени. Во Бања Лука, бројот на летови кон Виена, Меминген и Баден-Баден се намалува на третина, а во Ниш се укинуваат линиите кон Виена и Малта. Компанијата дел од капацитетот го пренасочува кон пазари со пониски оперативни трошоци, како Хрватска, Италија и Шведска.

Рајанер нагласува дека линиите би можеле да се вратат доколку владите го намалат даночно-тарифниот товар, истакнувајќи дека сегашните високи трошоци ја ограничуваат поврзаноста и туристичките потенцијали на повеќе европски држави.

Related Posts

Цените на нафтата нагло паднаа по вчерашниот скок над 100 долари за барел

Ново поскапување на горивата

16.03.2026
Цената на Брент над 105 долари по барел: Конфликтот со Иран го зголемува инфлаторниот притисок

Цената на Брент над 105 долари по барел: Конфликтот со Иран го зголемува инфлаторниот притисок

16.03.2026

Светските берзи под притисок: Цените на нафтата ја туркаат инфлацијата нагоре

16.03.2026

Горивата повторно поскапуваат? Одлуката на Регулаторната комисија се очекува денес

16.03.2026

Речиси 30% од македонските купувачи имале проблеми со онлајн нарачки

15.03.2026

Паника на светските берзи: Инвеститорите бегаат поради растечката геополитичка криза

15.03.2026

Препорачани Вести

Откриено како Саит Саитов избегал од Македонија

2 месеци ago

Граѓаните на Скопје кренаа глас: „Усје“ мора да ги почитува еколошките стандарди

1 месец ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Се реконструира патот до црквата во битолското село Ротино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ново поскапување на горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова административна зграда за Општина Тетово ќе чини околу 1,4 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гоце Седлоски го објави првиот список: Македонија се подготвува за бараж со Данска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моџтаба Хамнеи тајно хоспитализиран во Москва поради сериозни повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.