среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Лошиот квалитет на водата во Струга дојде до постапка кај Народниот правобранител

by Simovski
19.02.2026
in Македонија
Лошиот квалитет на водата во Струга дојде до постапка кај Народниот правобранител

Жителите на Струга повторно се соочуваат со сериозен проблем со водоснабдувањето, откако по обилните дождови во последните денови се зголеми заматеноста на изворите кои го снабдуваат градот со вода за пиење. Според податоците од Центарот за јавно здравје, вчерашните мерења покажуваат дека заматеноста достигнува 3,92, што значително ја надминува минимално дозволената граница од 1,5.

Жителите на селото Шум, од каде потекнува поголемиот дел од водата за Струга, најавуваат протести и предупредуваат дека проблемот станува хроничен.

Во меѓувреме, Регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево отвори постапка по сопствена иницијатива за да ја испита ситуацијата. „Правото на безбедна и доволна вода за пиење е основно човеково право и е тесно поврзано со правото на живот, здравје и човечко достоинство. Секое продолжено ограничување или сомнеж за квалитетот на водата создава несигурност и влијае врз јавниот интерес“, истакна Илбер Даути, Народен правобранител, Регионална канцеларија – Кичево.

Од Општина Струга и од Јавното претпријатие се побарани детални извештаи за актуелната состојба, а Даути нагласува дека прашањето мора да се решава без политичка интерпретација, како витален приоритет за граѓаните.

Related Posts

Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

Советот ја констатираше оставката: Ленче Ристоска ја напушта обвинителската функција

08.04.2026
АХВ спречи увоз на над 10 тони јагнешка кожа поради ризик од чума

АХВ спречи увоз на над 10 тони јагнешка кожа поради ризик од чума

08.04.2026
Свети апостол Павле и христијанскиот почеток на Европа во Македонија

Свети апостол Павле и христијанскиот почеток на Европа во Македонија

08.04.2026
Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау во Вашингтон

Муцунски оствари средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау во Вашингтон

08.04.2026

ВРЕМЕТО СЕ РАСИПУВА: Дожд и силен ветер над 70 км/ч – еве што нè чека денес

08.04.2026
Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

Предметот за злоупотреби во РЕК Битола се префрла во Струга по изземањето на сите битолски судии

07.04.2026

Препорачани Вести

Полицијата реагираше во Тетово: Осомничен уапсен за тешка кражба

2 месеци ago

Google Gemini воведе нова функција „Guided Learning“ – учење чекор по чекор како со личен тутор

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ХОРМУШКИ ТЕСНЕЦ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукал со службен пиштол, куршуми завршиле кај сосед – кривични пријави за двајца полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: По прекинот на огнот, се слави победа во Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советот ја констатираше оставката: Ленче Ристоска ја напушта обвинителската функција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.