вторник, септември 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Муслиманските верници го започнаа Рамазан: Пост, молитва и милосрдие

by Redakcija
19.02.2026
in Магазин
Муслиманските верници го започнаа Рамазан: Пост, молитва и милосрдие

Со првите зраци на утрото, муслиманските верници го започнаа светиот месец Рамазан, период на пост, духовна дисциплина и внатрешна преобразба што ќе трае 29 дена, заклучно со 20 март. Во текот на овој месец, од изгрејсонце до зајдисонце, верниците се воздржуваат од храна и пијалаци, но и од лоши зборови, постапки и намери, стремејќи се кон целосно духовно и морално прочистување.

Рамазан, деветтиот месец од исламскиот календар, има особено значење во исламската традиција. Според верувањето, токму во овој месец пред повеќе од 14 века на пророкот Мухамед му биле објавени првите стихови од Куранот. Постот е еден од петте столбови на исламот и претставува верска обврска за секој полнолетен и здрав муслиман. Исклучоци постојат за болните, бремените жени и лицата што извршуваат тешка физичка работа.

Круна на постот е тридневниот празник Рамазан Бајрам, кој започнува на 20 март. Тоа е време на семејни собири, празнични трпези и посети на роднини и пријатели. Првиот ден од Бајрам е и државен празник, па 20 март (петок) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Во пресрет на почетокот на постот, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Шаќир Фетаи, упати порака до верниците, нагласувајќи дека Рамазан е период кога срцето станува почувствително, совеста поостра, а врската со Алах – подлабока.

„Рамазан е повик кон внатрешен мир и кон враќање кон суштинските вредности. Целта на постот е богобојазливоста – постојана свесност за Алах што го насочува човекот во мислата, зборот и делото“, истакнува Фетаи. Според него, воздржувањето од дозволеното, како храната и пијалакот, ја зацврстува волјата и ја гради самоконтролата, неопходна за откажување од забранетото.

Тој потсетува дека вистинскиот пост не завршува со телесната дисциплина. „Не е доволно да пости стомакот, треба да замолчи и злото во нас. Рамазан бара да се оттурнат раздорите, клеветите и горделивоста, а на нивно место да се вградат милоста, благодарноста и солидарноста“, порачува поглаварот на ИВЗ.

Фетаи повикува месецот да се искористи за лична и заедничка преобразба, за искрено покајание, простување и обновување на меѓусебната доверба. Тој изрази надеж дека Рамазан ќе донесе мир во семејствата, единство во заедницата и стабилност во татковината, посакувајќи им на верниците лесен и прифатен пост.

Related Posts

Хаос во Унгарија: Инсекти го окупираа популарното летувалиште, влегувале во носот и устата на туристите

31.08.2026

Пред наши очи се криела заборавена апокалипса: Исчезнале дури 80 отсто од видовите на Земјата

31.08.2026

Таинствен кањон во Средоземното Море крие неверојатен живот, но и страшни траги од човечкото влијание

31.08.2026

Дневен хороскоп за 31 август: Љубовни изненадувања, нови можности и важни одлуки

31.08.2026
(ВИДЕО) Робот побрз од Јусеин Болт: 100 метри за неверојатни 8,64 секунди

(ВИДЕО) Робот побрз од Јусеин Болт: 100 метри за неверојатни 8,64 секунди

30.08.2026
Шведска нуди до 32.000 евра по лице за доброволно заминување од државата – стотици аплицирале

Шведска нуди до 32.000 евра по лице за доброволно заминување од државата – стотици аплицирале

30.08.2026

Препорачани Вести

Данска воведува строги мерки во училиштата – блокирање на ChatGPT

3 недели ago

Комуналец Прилеп: Чистите јавни површини се заедничка одговорност

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Криза во Албанија: Од утре до 30% помалку автобуси поради скапото гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Такси проби ограда од мост вечерва во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од Тетово и општина Брвеница ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре делови од две скопски општини ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукотници во Куманово во три часот наутро: Двајца на скутер пукале во „Ауди“ во движење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.