петок, октомври 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп го отвора првиот состанок на Одборот за мир

by Redakcija
19.02.2026
in Свет

President Donald Trump participates in the Board of Peace Charter Announcement and Signing ceremony during the World Economic Forum, Thursday, January 22, 2026, at the Davos Congress Center in Davos, Switzerland. (Official White House Photo by Daniel Torok)

Доналд Трамп денес во Вашингтон го отвора првиот состанок на новоформираниот Одбор за мир – иницијатива што уште пред стартот предизвика силни дипломатски бранувања и отвори прашања за иднината на појасот Газа.

Во фокусот на средбата, на која се очекуваат делегации од 47 земји и претставници на Европската Унија, ќе бидат трите клучни предизвици: разоружувањето на Хамас, обезбедувањето средства за обнова и гарантирањето непречен проток на хуманитарна помош за жителите на палестинската енклава.

Американски извори најавуваат дека Трамп ќе обелодени дека за реконструкција веќе се собрани пет милијарди долари. Од таа сума, по 1,2 милијарди обезбедиле УАЕ и Куваит, сигнал дека дел од арапските држави се подготвени финансиски да застанат зад процесот.

Но, контроверзиите не изостануваат. Одборот го вклучува Израел, додека Палестинците не се дел од неговата структура, факт што предизвика критики и сомнежи околу легитимитетот на телото. Дополнително, замислата на Трамп Одборот да се занимава и со други глобални жаришта отвори дилема дали оваа иницијатива ќе ја поткопа улогата на Обединетите Нации како главна арена за меѓународна дипломатија.

Според најавите, неколку држави планираат да испратат илјадници војници во рамките на Меѓународните сили за стабилизација, кои би имале задача да го одржуваат мирот во Газа, чекор што би означил директно меѓународно безбедносно присуство на терен.

Интересно е што на состанокот нема да присуствуваат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Франција, Велика Британија, Русија и Кина, што дополнително ја засилува перцепцијата за поделби околу иницијативата.

Покрај Трамп, говорници ќе бидат американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалните претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, поранешниот британски премиер Тони Блер, кој се споменува како висок функционер во Одборот, амбасадорот на САД во ОН Мајк Валц и специјалниот претставник за Газа, Николај Младенов.

Во меѓувреме, ненадејната одлука на Европската Комисија да ја испрати комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица во Вашингтон предизвика незадоволство кај неколку земји-членки. Дипломатски извори за Еуроњуз тврдат дека главните градови не биле однапред информирани, а Франција наводно ја предводела групата што изразила институционални и политички резерви. Критичарите предупредуваат дека ваквиот чекор може да се протолкува како колективна европска поддршка за иницијативата, без формален мандат и без поширок консензус.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Зеленски: Нема масовни напади, но фронтот останува активен

Зеленски: За два дена загинале 78 луѓе, потребна е поголема американска помош

09.10.2026

Војници на границата со Русија: Литванија презема превентивни мерки

08.10.2026

Пентагон се подготвува за нови удари врз Иран: Во план масовни напади врз енергетски и нуклеарни цели

08.10.2026

Путин му наредил на „Генералот Армагедон“ да ги разурне мостовите во Киев: Еве зошто

08.10.2026
Доналд Трамп со остра порака до Европа: Справете се сами со енергетската криза

Трамп: Цените на горивата нагло ќе паднат

06.10.2026

Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба уапсен поради сомневање за шпионажа

06.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Делови од Тетово и тетовско утре ќе бидат без струја

6 месеци ago

Баба откри рецепт за „ајвар“: Се подготвува многу полесно, а вкусот потсетува на детството

1 месец ago

Популарни Вести

  • Меџити: Ги исполнуваме ветувањата, новиот базен во „7 Март“ наскоро ќе биде отворен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деведесетгодишник пријавил измама во Тетово: За 3.000 денари добил фалсификувани 50 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доживотен затвор за Трајко Бојковски од Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Учениците од „Ѓорче Петров“ ми подарија знаме изработено со љубов кон татковината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски: За два дена загинале 78 луѓе, потребна е поголема американска помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.