вторник, април 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Група организирала транспорт на 8,8 тони канабис од Струмица кон Србија

by Redakcija
20.02.2026
in Црна Хроника

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истражна постапка против шест лица, осомничени за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истражната постапка се темели на докази од Министерството за внатрешни работи и документација од Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија, добиена преку меѓународна правна помош.

Според обвинението, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во периодот од 2025 година до крајот на јануари 2026 година се здружиле со цел неовластена продажба и транспорт на кокаин и марихуана. Двајца од нив, во координација со првоосомничениот од Скопје, организирале повеќекратен транспорт на марихуана од Северна Македонија кон Србија со товарни возила.

Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени да спакуваат 8.832 килограми сув цвет од канабис во над 200 кутии, претходно набавени од Струмица. На 13 јануари 2026 година, кутиите биле пренесени со товарни и патнички возила до атарот на Свети Николе, каде се извршил претовар. По тоа, осомничените заминале кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.

Следниот ден, дрогата била доставена до објект во Крушевац, Србија, обезбеден од лица поврзани со истражна постапка на српското обвинителство.

Јавниот обвинител побара притвор за двајцата осомничени на кои претходно им беше определен краткотраен притвор, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз сведоци. Судот го прифати предлогот, и мерката притвор е определена на 30 дена.

Related Posts

Специјалците се на терен: Масовна акција против подземјето во повеќе градови

07.04.2026
Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија при обид да се качи на воз во движење

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија при обид да се качи на воз во движење

07.04.2026

Родителите жртви на семејно насилство во Тетово – Полицијата интервенирала

06.04.2026

Семејна драма во Штип – Син го претепал родениот татко

06.04.2026

Физички напад пред казино во Берово – МВР со детали

06.04.2026
Извор: Царинска Управа

Откриени 16.000 непријавени лекови во туристички автобус, осомничени две лица

06.04.2026

Препорачани Вести

Ново научно дело на Светозаревиќ промовирано во Музејот на тетовскиот крај

2 месеци ago
Осминафиналето на ЛШ 2025/26: Клубови од 8 земји и нови историски дуели

Осминафиналето на ЛШ 2025/26: Клубови од 8 земји и нови историски дуели

1 месец ago

Популарни Вести

  • Температурен шок за Велигден – еве какво време нѐ очекува!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џеј Ди Венс во Будимпешта: САД го поддржуваат Орбан пред унгарските избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целосно реконструирана улицата „Јосиф Михајловиќ“ во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Специјалците се на терен: Масовна акција против подземјето во повеќе градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Дарко Данев влегува во трката за ректор на УКИМ со фокус на студентите и дигитализацијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.