среда, април 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Бранко Азески избран за дел од меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана

by Simovski
23.02.2026
in Економија
Бранко Азески избран за дел од меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на 8 март 2026 година во Љубљана ќе биде свечено именуван за член на Меѓународниот советодавен одбор на Економски факултет при Универзитетот во Љубљана – признание што ја потврдува растечката улога на македонската бизнис-заедница во европските академски текови.

Во својата изјава по повод изборот, Азески нагласи дека оваа функција претставува потврда за долгорочните напори да се изгради цврст мост меѓу науката и реалниот сектор. „Ова е признание за концептот што го застапуваме, партнерство меѓу универзитетите и компаниите, каде знаењето директно се преточува во конкурентност и развој“, истакна тој.

Советодавниот одбор обединува влијателни имиња од европската академска и деловна сцена. Меѓу нив се професори и менаџери од реномирани институции како Универзитет во Порто, Jönköping International Business School, City, University of London и WU Vienna University of Economics and Business, како и претставници на водечки европски компании и финансиски групации, меѓу кои Intesa Sanpaolo, Riko d.o.o. и Kearney. Со вклучувањето на Азески, одборот добива дополнителна перспектива од Југоисточна Европа и искуство од долгогодишно институционално поврзување на стопанството и образованието.

Економскиот факултет во Љубљана важи за една од најугледните институции во областа на економијата и бизнисот во Словенија и регионот. Со повеќе од 30 научни конференции и семинари годишно, факултетот активно придонесува кон глобалната академска дебата, а неговите истражувања редовно се објавуваат во најпрестижните светски списанија. Преку современи лаборатории и интердисциплинарен пристап, институцијата ги поврзува економијата, финансиите и бихејвиоралните науки, отворајќи простор за иновативни решенија и нови генерации лидери.

Во рамки на Универзитет во Љубљана, единствениот словенечки универзитет позициониран меѓу 500-те најдобри во светот според Academic Ranking of World Universities. Економскиот факултет дополнително се издвојува со висока позиција на Шангајската листа. Рангирањето се темели на строги критериуми, вклучително нобеловци, високо цитирани истражувачи и научни трудови објавени во списанија како Nature и Science.

Related Posts

Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

Ирак најавува брзо зголемување на производството на нафта

08.04.2026

Вкупен промет од 59,27 милиони денари, најактивни КБ, НЛБ и Макпетрол – ОМБ непроменет

08.04.2026
Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал

Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал

08.04.2026
Зошто и како Турција од почетокот на војната во Иран продала 52 тони злато?

Зошто и како Турција од почетокот на војната во Иран продала 52 тони злато?

08.04.2026

Драматична промена на цената на нафтата

08.04.2026

Божиновска потпиша клучен енергетски договор со САД во Вашингтон

08.04.2026

Препорачани Вести

Промет од 10,51 милиони денари и умерена активност – ОМБ непроменет

1 месец ago

Лажни пораки за сообраќајни прекршоци – полицијата алармира

4 недели ago

Популарни Вести

  • Примирјето меѓу САД и Иран ја турна цената на нафтата под 100 долари

    Ирак најавува брзо зголемување на производството на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жестоки напади врз Бејрут: „Сцените се апокалиптични“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТЕНЗИИТЕ РАСТАТ: Иран се заканува со повлекување од примирјето по израелските напади во Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН ХОРМУШКИОТ ТЕСНЕЦ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пукал со службен пиштол, куршуми завршиле кај сосед – кривични пријави за двајца полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.