четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

(ВИДЕО) ТВ ТЕЛМА ОБЈАВИ ВИДЕО СО СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО  НАГОРИЧАНЕ – „УЛОВЕН“ НА КАМЕРА КАКО СЕ ОБИДУВА ДА ВЛЕЗЕ ВО ДОМ НА ЖРТВА!

by Уредник
23.02.2026
in Црна Хроника

Телевизија Телма објави снимки за кои се сомнева дека го прикажуваат осомничениот за серија брутални убиства во кумановскиот регион, случај што ја вознемири јавноста и отвори сомнежи за повеќе нерешени смртни случаи од изминатите две години.


Станува збор за млад маж од околината на Старо Нагоричане кој веќе е во притвор поради свирепото убиство на 78-годишна жена, но истрагата сега оди многу подалеку – обвинителството и полицијата проверуваат дали стои зад најмалку уште четири сомнителни смртни случаи.


86-годишна жена од Челопек успеала да преживее брутален напад во својот дом. Напаѓачот влегол додека била сама, а ја спасил случаен шум поради кој избегал, оставајќи ја повредена и во крв.


Само неколку дена подоцна, во Старо Нагоричане била пронајдена мртва 78-годишна жена која живеела сама. Таа била претепана и задушена со перница, а постојат индиции дека сторителот и ограбил дел од имотот. Токму овој случај довел до апсењето на осомничениот.


Пет случаи под лупа – можни и нови жртви
Според информации од истрагата, се преиспитуваат пет смртни случаи – три од оваа година и два од лани. Заедничко за сите жртви е што биле жени кои живееле сами, пронајдени мртви во своите домови, делумно соблечени, без претходно да биде побарана обдукција бидејќи првично не биле утврдени траги на насилство.


Обвинителството сега бара ексхумација на една 37-годишна жена, чија смрт била прогласена за предозирање со алкохол, но локалните жители уште тогаш се сомневале дека нешто не е во ред.


Старо Нагоричане, Челопек, Драгоманце и Клечовце се местата каде што се случиле нападите, сите на мала оддалеченост. Жителите велат дека осомничениот им бил познат по ситни кражби и често се движел со велосипед низ селата.


Полицијата и обвинителството засега не откриваат детали за текот на истрагата, но потврдуваат дека се проверува дали имало пропусти во претходните случаи кога смртите биле затворени без обдукција.


Снимките што ги објави Телма дополнително ја засилија загриженоста во јавноста, а истрагата треба да утврди дали станува збор за еден од најсериозните криминални случаи во поновата историја на регионот.

ЛИНК ДО ОБЈАВАТА НА ТВ ТЕЛМА

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Related Posts

Апсење и претреси во Штип – МВР со детали

08.04.2026

Пукал со службен пиштол, куршуми завршиле кај сосед – кривични пријави за двајца полицајци

08.04.2026
Уапсени седум лица за експлоатација и детска порнографија во Србија

Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила

08.04.2026
17-годишен велосипедист од Франција повреден по судир во автомобил во Охрид

17-годишен велосипедист од Франција повреден по судир во автомобил во Охрид

08.04.2026

Кривични пријави против полицајци – МВР со детали за настанот

08.04.2026

Мобилната единица на полицијата на терен – Има уапсени

08.04.2026

Препорачани Вести

Пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино – Обвинителството бара притвор

2 недели ago
Народниот театар Битола ја врати историската завеса по 100 години за премиерата „Пинокио“

Народниот театар Битола ја врати историската завеса по 100 години за премиерата „Пинокио“

1 месец ago

Популарни Вести

  • Во оваа земја има најскапо гориво на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Скопје утре (09.04.2026) ќе биде без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и повеќе тетовски села утре 09.04.2026 ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.