недела, октомври 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

300 илјади денари отштета за жител од кичевско нападнат од мечка

by Redakcija
24.02.2026
in Република

Жител од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за претрпени физички болки и страв, откако бил нападнат и повреден од мечка, пренесува „Слободен печат“.

Инцидентот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од нива кон својот дом. Според наводите, без никаква провокација бил нападнат од дивото животно, кое го совладало и го гризнало. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и со нагмечувања на дланките и натколеницата.

По настанот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повредите, а примил и вакцина против беснило. Поради последиците од нападот, побарал и психијатриска помош. Според медицинските наоди, болките со силен интензитет траеле околу десет дена, особено во пределот на главата и дланките.

Основниот суд во Кичево првично му досудил 350.000 денари за нематеријална штета. Сепак, по жалба, случајот бил разгледан од Апелациониот суд во Гостивар, кој ја намалил отштетата на 300.000 денари.

Со конечната одлука, на оштетениот му се доделени 100.000 денари за физички болки, 100.000 денари за претрпен страв, 50.000 денари за намалена општа животна активност и 50.000 денари за душевни болки поради нагрденост.

Во жалбата, тужителот побарал повисок износ, наведувајќи дека институциите не презеле доволно мерки за заштита од вакви напади. Апелациониот суд, пак, оценил дека првично досудената сума е превисока и ја намалил отштетата.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Првични резултати од ДИК: Радичевски од ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство влегува во вториот круг

18.10.2026

Проданоски: Над 1.100 учесници на „ЧЕ ТРЧАМЕ“, Прилеп покажа големо спортско срце

18.10.2026

Над 6.000 граѓани веќе гласале: Брвеница го избира новиот градоначалник

18.10.2026

Брвеница на гласање: Над 5.000 граѓани излегле до 15 часот, што покажуваат бројките?

18.10.2026

Колку граѓани гласаа во Брвеница? ДИК ги објави бројките до 13 часот

18.10.2026

Брвеница избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

18.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Николоски: До крајот на годината завршува автопатот Кичево–Охрид

6 месеци ago
„Кочани ви благодари“ – признанија за лекарите и државите кои помогнаа по трагичниот пожар

„Кочани ви благодари“ – признанија за лекарите и државите кои помогнаа по трагичниот пожар

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, разликата со СДСМ е над 4 спрема 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен преглед на Македонската берза: промет од 28,69 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати од ДИК: Радичевски од ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство влегува во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радичевски со огромна предност, според првичните неофицијални резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Над 1.100 учесници на „ЧЕ ТРЧАМЕ“, Прилеп покажа големо спортско срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.