четврток, април 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ДНК примерокот на осомничениот од кумановско  Драгоманце се поврзува со последното убиство –  Истрагата се шири, можно е да има уште жртви

by Уредник
25.02.2026
in Црна Хроника
ДНК примерокот на осомничениот од кумановско  Драгоманце се поврзува со последното убиство –  Истрагата се шири, можно е да има уште жртви

ДНК на 25-годишниот осомничен од кумановско Драгоманце се совпаѓа со трагите пронајдени кај последната жртва, 78 годишната жена, потврдуваат истражните органи, што дополнително ги засилува сомнежите дека станува збор за серија убиства.


Според информациите од Обвинителството, форензичките анализи покажале дека биолошкиот материјал земен од местото на злосторството одговара на профилот на осомничениот, кој веќе се наоѓа во притвор.


Совпаѓањето на ДНК е прв силен материјален доказ што директно го поврзува осомничениот со убиството на повозрасната жена во селото Челопек. Таа беше пронајдена мртва во својот дом, а истрагата утврди дека била нападната додека спиела, искористувајќи ја нејзината немоќ и фактот што живеела сама.


Обвинителството наведува дека убиството се случило во периодот од крајот на јануари до средината на февруари, а начинот на извршување бил „свиреп и подмолен“.


Паралелно со ова, наредена е ексхумација на уште една почината жена од регионот. Од нејзиното тело се подигнати траги за ДНК-вештачење, со цел да се утврди дали и таа е жртва на истиот сторител.


Истражителите работат на неколку сомнителни случаи со сличен профил на жртви – повозрасни жени кои живееле сами во рурални средини.


Осомничениот е лишен од слобода и му е одреден притвор, а по налог на обвинителството ќе му биде извршено и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри.


Дел од доказните постапки остануваат тајни поради чувствителноста на истрагата, но институциите потврдуваат дека се работи за сложен случај со можни повеќе кривични дела.


И покрај апсењето, жителите на неколку села во кумановско сè уште живеат во страв. Дел од семејствата ги повлекле повозрасните членови од руралните средини, додека останатите се заклучуваат по домовите.


Обвинителството не ја исклучува можноста на товар на осомничениот да му бидат ставени повеќе убиства, доколку ДНК анализите и другите вештачења потврдат поврзаност со останатите случаи.

Related Posts

Приведен возач во Тетово по судир со полициско пежо – возел без дозвола

09.04.2026

Апсење и претреси во Штип – МВР со детали

08.04.2026

Пукал со службен пиштол, куршуми завршиле кај сосед – кривични пријави за двајца полицајци

08.04.2026
Уапсени седум лица за експлоатација и детска порнографија во Србија

Удрија по подземјето: Запленети дрога, оружје и возила

08.04.2026
17-годишен велосипедист од Франција повреден по судир во автомобил во Охрид

17-годишен велосипедист од Франција повреден по судир во автомобил во Охрид

08.04.2026

Кривични пријави против полицајци – МВР со детали за настанот

08.04.2026

Препорачани Вести

Хорор во Скопје: Жена брутално нападната од поранешен партнер

3 месеци ago
tiktok

На раб на забрана: Како ТикТок преживеа во САД

3 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Крвав ден во Либан: 254 загинати и над 1.100 повредени во најсилните израелски напади досега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведен возач во Тетово по судир со полициско пежо – возел без дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џеј Ди Венс ќе ја предводи американската делегација: Иран и САД ќе се сретнат во Исламабад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алое вера: Природна прва помош за вашата кожа и здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во делови на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.