недела, март 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Две лица загинаа, десетици повредени во трамвајска несреќа во Милано

by Redakcija
27.02.2026
in Свет

Најмалку две лица го загубија животот, а 39 се повредени во тешка трамвајска несреќа што се случи во петокот попладне во Милано, потврди локалната полиција, пренесе италијанската новинска агенција ANSA.

Според првичните информации, трамвајот што сообраќал на линијата 9 излетал од шините кратко по 16 часот и удрил во станбена зграда во близина на историскиот центар на градот. Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага.

Обвинителот Марчело Виола, кој извршил увид на местото на настанот заедно со дежурната обвинителка Елиса Каландучи, изјави дека станува збор за „катастрофален удар“.

Полицијата веднаш го блокираше поширокиот простор околу местото на несреќата и не дозволи пристап на граѓани, додека спасувачките екипи работеа на извлекување на повредените и обезбедување на теренот.

Во моментот на излетувањето, трамвајот бил полн со патници, кои по силниот удар биле оттурнати и паднале на подот. Според првичните сознанија, една од жртвите најверојатно е пешак кој се движел по улицата „Виале Виторио Венето“ и бил затекнат од несреќата.

На терен интервенирале пет возила на противпожарната служба со околу 25 пожарникари, како и медицински екипи.

Сведоци на настанот опишуваат сцени на паника. „Слушнав силна експлозија и видов како дел од трамвајот удира во продавница“, изјавила 17-годишна девојка за AFP. Еден од патниците за ANSA рекол дека во првиот момент помислил дека станува збор за земјотрес.

Надлежните продолжуваат со истрагата за утврдување на причините за несреќата.

Related Posts

(ВИДЕО) Детали за терористичкиот напад во Чешка: Левичарски екстремисти запалија фабрика што ја снабдува Украина

22.03.2026

Тензиите растат САД се спрема за инвазија: Куба ја става војската во целосна готовност

22.03.2026

ВИДЕО – САД и Израел извршија силни удари врз Иран: погодена воена база во Дезфул по што експлодираше складиште за муниција

22.03.2026

Иран се остра закана: Ќе ја уништиме целата енергетската инфраструктура на Блискиот Исток ако САД ги нападне нашите електрани

22.03.2026

ВИДЕО: Никој не очекуваше вакво нешто – Ракета падна на чекор од нуклеарниот центар на Израел!

22.03.2026

Иран: Потврден напад врз нуклеарниот комплекс Натанц (ВИДЕО)

22.03.2026

Препорачани Вести

Две големи европски сили потврдија – Ќе испратиме војници во Украина

2 месеци ago

Шамбевски: Време е за правда и расчистување на злоупотребите во СЈО

1 месец ago

Популарни Вести

  • ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНА БРВЕНИЦА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје – Битката со дрогата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Намалувањето на ДДВ-то е прва мерка за стабилизирање на цените на дериватите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Напад на паркинг во Тетово – 18-годишник претепан од неколку лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.