среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Намалувањето на ДДВ-то е прва мерка за стабилизирање на цените на дериватите

by Redakcija
22.03.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати.

– Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето е во одлична кондиција, што значи дека има доволно деривати. Пазарната инспекција ги провери и оние пет дена што мора да имаат резервни колични, сите имаат. Што значи дека сега засега нема никаков проблем со снабдувањето, но ќе пратиме и понатаму и ќе видиме дали овој процент ќе остане ист и како ќе се одвива понатаму, рече Божиновска во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерката кажа дека Владата разговарала со 95 проценти од снабдувачите и дека добиле уверување дека нема никаков проблем со снабдувањето.

– Тука е и ОКТА и продуктоводот. Сите не уверија дека нема проблеми. Ги имаме и стоковите резерви за околу 60 дена. Моментално нема никаков проблем, но ќе следиме како ќе се одвива потрошувачката и во пограничните делови, рече Божиновска.

Министерката исто така кажа дека 160 000 литри гориво се точи во пограничните региони бидејќи имаме најниска цена во регионот.

Божиновска рече дека утре повторно ќе има средба со претставници на ОКТА на која треба да се разговара за цената на горивата, како што денеска најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Утре ќе се јавиме пак и ќе видиме што може за понатаму да се направи се со цел граѓаните да немаат некои големи ценовни шокови, рече Божиновска.

Министерката не соопшти колкаво ќе биде владиното побарување за намалување на цените.

-Ќе дискутираме секако. Ние како држава ќе се залагаме што повеќе, тие како трговци ќе имаат свој став, меѓутоа кажувам дека се што ќе биде договорено ќе биде за намалување на тие ценовни шокови што ќе се одрази на финалната цена што граѓаните ќе ја видат, рече Божиновска.

Таа потсети дека на 13 март веќе беше постигнат договор со ОКТА која ја намали цената на горивата за 45 долари, што подоцна резултираше со можност за намалување на цените на горивата на бензинските пумпи за два денари.

Владата, потенцира таа ги следи одлуките на Регулаторната комисија, берзите, ПЛАТ каде што котираат тие цени.

На прашањето кои други мерки би можеле да се применат, Божиновска рече дека постојат многу типови на мерки, но дека со мерката што денеска ја соопшти Владата за намалување на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти граѓаните заштедуваат шест до седум денари, а дека веќе претходно во договор со ОКТА имало намалување за уште два денари.

-Кога станува збор за акцизата можеме да одиме со намалување од еден денар, два денари и максимум на четири денари. Тоа е доколку цените на ПЛАТ се над 1200 долари. Меѓутоа со нашата одлука да го намалиме ДДВ-то од 18 на 10 проценти тоа е некои шест до седум денари. Ние одбравме прво да одиме со поголемата мерка од шест до седум денари. Ние имаме план, следиме. Јас сум во контакт и со министрите за енергетика на соседните држави, секако разговараме и со Брисел и со Австрија и ги следиме секој ден цените и давачките и секоја земја какви мерки има. Следен чекор може да е 5 проценти ДДВ-то и финално 0, но исто така тука е и акцизата еден, два и четири денари, објасни Божиновска.

Додаде дека секојдневно се следи и ќе се следи состојбата со горивата. Владата е во констатна комуникација и секојдневно се разговара иако, како што кажа, тоа не се нарекува кризен штаб.

-Еве денеска недела ние имавме седница на Влада, имаше Управувачки комитет исто така во 10 часот состанок и се разговараше за оваа тема, што значи дека ако постои потреба од некое посебно тело може да се формира, но ние како одговорна Влада сме во констатна комуникација, рече министерката за енергетика.

Владата денеска на седница донесе одлуки за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, пред најавеното зголемување на цените на горивата утре од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

…

Related Posts

МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ВО ПАД: МБИ10 НАМАЛЕН ЗА 0,30 ОТСТО, НАЈТРГУВАНИ АКЦИИТЕ НА МАКПЕТРОЛ

11.08.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори, имаме договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, работиме со Австрија, Германија и Унгарија

11.08.2026

Во село Пасинки, областа Голо Брдо, по првпат се одржа годишна средба на жителите и иселениците

11.08.2026

Димитриеска-Кочоска: Првата конечна листа на јавни инвестиции ќе донесе поефикасна реализација на капиталните проекти

11.08.2026

Проданоски со апел поради топлотниот бран: „Здравјето и безбедноста на луѓето се на прво место“

11.08.2026

Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

11.08.2026

Препорачани Вести

Албанско‑американската технолошка ѕвезда Мурати ја проширува AI компанијата со помош на Nvidia

5 месеци ago

Звучи изненадувачки но Ким Јонг Ун повторно „победи“ на изборите во Северна Кореја – ВИДЕО

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонија утре под портокалов аларм: температурите ќе достигнат до 40 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и Боговиње утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 15 пожари избувнаа низ Македонија, два сè уште се активни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.