вторник, март 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Полицијата спречила голема трагедија – МВР со детали за настанот

by Redakcija
01.03.2026
in Црна Хроника

Навремена интервенција на Секторот за компјутерски криминал – малолетно лице пронајдено безбедно

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие, при редовните активности за следење на дигиталниот простор, беше детектирана објава на социјална мрежа со содржина што укажуваше на можна намера за самоубиство од страна на малолетен корисник.

Веднаш по добиените сознанија беше постапено итно и координирано, при што беа преземени сите неопходни мерки и активности за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето. За кратко време корисникот беше пронајден, извршен е разговор и констатирано е дека лицето е безбедно и во добра состојба. За настанот се известени и родителите, кои се запознаени со целокупната состојба и понатамошните чекори.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Апелираме до родителите да одржуваат редовна и отворена комуникација со своите деца, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат навремено при забележување повлеченост, вознемиреност, заканувачки или загрижувачки објави и други несвојствени однесувања.

Воедно, упатуваме апел и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави со содржина што упатува на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на самата платформа, а доколку им е познат идентитетот на лицето, да известат родител, старател, наставник, друго возрасно лице или најблиската полициска станица.

Навремената реакција може да спаси човечки живот. Заедничката одговорност, вниманието и грижата се клучни во спречувањето на трагедии. Секторот за компјутерски криминал останува посветен на заштитата на граѓаните во дигиталниот простор и ќе продолжи со засилени активности во насока на рано откривање и превенција на ризични појави.

….

Related Posts

Голема полициска акција – Приведени лица од Тетовско, Куманово и Гостивар

24.03.2026

Апсење во Велес – МВР со детали за настанот

24.03.2026

Тешка сообраќајка на патот Тетово–Јажинце: двајца повредени

24.03.2026

Кривични пријави против четири лица од Битола за поттикнување омраза и блокада на пат

24.03.2026

Провала во верски објект во Тетовско – оштетена касата, но парите не се украдени

24.03.2026

Полициска акција во повеќе градови – Има уапсени

24.03.2026

Препорачани Вести

Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

3 недели ago

Хрватска во трилер завршница издвои победа над Исланд 34:33 и се закити со бронза на ЕХФ ЕУРО 2026

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Андоновски: Со електронската архива чувањето предмети во фиока станува минато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Центар и Шуто Оризари утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и тетовско во среда без електрична енергија поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прислушувањето на Сијарто предизвикува дипломатски скандал во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран лансира серија ракетни напади врз Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.