среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран повторно нападна повеќе градови низ Блискиот Исток: Експлозии во Доха, Дубаи, Абу Даби

by Redakcija
02.03.2026
in Свет
Иран повторно нападна повеќе градови низ Блискиот Исток: Експлозии во Доха, Дубаи, Абу Даби

Блискиот Исток денеска беше потресен од сериозна безбедносна ескалација откако Иран изведе масовен ракетен и беспилотен напад врз повеќе градови во Заливот. Цели беа урбани и стратешки точки во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби и Манама, каде што жителите сведочеа за низа експлозии и активирање на системите за воздушна одбрана.

Во неколку метрополи речиси истовремено одекнаа силни детонации. Очевидци во Дубаи пријавија две експлозии во краток временски интервал, по што борбени авиони прелетувале над градот. Во Доха, според локални извори, се слушале интензивни истрели и пресретнувања, додека во Абу Даби одекнала силна експлозија што ја вознемири јавноста.

Кувајтските власти соопштија дека противвоздушната одбрана успешно пресретнала повеќе цели над крајбрежниот појас. Сирените повторно се огласиле во главниот град, а непотврдени информации говореа за чад во близина на американската амбасада. Бригадниот генерал Мохамед Ал-Мансури од Кувајтската цивилна одбрана изјави дека нападите биле неутрализирани во северниот дел од земјата, во близина на Салва и Румаитија, и дека нема цивилни жртви. Министерството за одбрана дополнително увери дека „голем број непријателски воздушни цели“ биле ефикасно пресретнати.

Во Бахреин, ситуацијата доби трагичен епилог. Министерството за внатрешни работи извести дека фрагменти од пресретната ракета предизвикале пожар на брод што бил на сервис во индустрискиот град Салман. Во инцидентот загинал еден работник од азиско потекло, а уште двајца се здобиле со тешки повреди. Одбранбените сили на земјата соопштија дека нивните ракетни системи реагирале навремено и дека сите единици остануваат во состојба на максимална подготвеност.

Меѓународната реакција следуваше брзо. Соединети Американски Држави, Саудиска Арабија и повеќе арапски држави ја осудија офанзивата, оценувајќи ја како опасна ескалација што ја нарушува регионалната стабилност и го доведува во ризик цивилното население. Во заедничката изјава се истакнува правото на погодените земји на самоодбрана и се поздравува координацијата во противвоздушната заштита, која, како што се наведува, спречила далеку потешки последици.

И претставниците на Советот за соработка во Заливот на итен видео состанок ги осудија нападите, оценувајќи ги како „дрски и неоправдани“. Тие нагласија дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за заштита на безбедноста, суверенитетот и стабилноста на земјите-членки.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

10.11.2026

САД: Подготвени сме за нов удар врз Иран

10.11.2026

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026

Краков сака да ги прогласи за почесни граѓани полицајците што го запреа напаѓачот

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Меџити најави враќање на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија

7 месеци ago
Распоредени гранични и извидувачки сириски баталјони долж границата со Либан

Распоредени гранични и извидувачки сириски баталјони долж границата со Либан

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од 1 јануари се зголемува старосната граница за пензионирање на жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комерцијална банка со 4,2 милијарди денари добивка пред оданочување, за 1,1% помалку од лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на работното време како што го познаваме? Еве како би можеле да работиме во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.