четврток, март 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Падна одлука – еве за колки ќе се зголеми минималната плата

by Redakcija
02.03.2026
in Економија

Минималната плата во државата е зголемена и сега изнесува 26.046 денари во нето-износ, односно 38.507 денари во бруто-износ со вклучени придонеси и даноци. Ова на прес-конференција го соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши, по одржаната седница на Економско-социјалниот совет.

Според него, минималната плата е зголемена за 1.667 денари во нето-износ, а новата сума ќе важи за мартовската плата што ќе се исплаќа во април.

– Растот на минималната плата е резултат на системско и законско решение со кое се штити стандардот на населението, но и се води сметка за одржливоста на економијата – изјави Дурмиши.

Тој појасни дека зголемувањето се пресметува според законски утврдена формула, која предвидува усогласување на минималната плата со 50 проценти од порастот на просечната нето-плата и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците на живот, врз основа на податоците на Државниот завод за статистика.

Според официјалните податоци, просечната бруто-плата во 2025 година во однос на 2024 година е зголемена за 9,6 проценти, додека годишната инфлација изнесува 4,1 процент, што е основата врз која е утврден и актуелниот раст на минималната плата.

Related Posts

Ваучерите за инвертер клими се подигаат со брзо темпо – над 50% веќе распределени

26.03.2026

Вкупен промет од 16,82 милиони денари, Стопанска банка со најсилен дневен раст, а НЛБ Банка во минус

25.03.2026
Кина откри речиси 10 милиони тони резерви на ретки минерали

Кина откри речиси 10 милиони тони резерви на ретки минерали

25.03.2026

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

25.03.2026

Инспекторите се на терен – до сега 83 казни

25.03.2026

Македонија се подготвува за изградба на интерконектор со Србија

25.03.2026

Препорачани Вести

Водата во Кичево е безбедна за пиење, потврдено од Институтот за јавно здравје – Битола

Водата во Кичево е безбедна за пиење, потврдено од Институтот за јавно здравје – Битола

1 месец ago

Wolt го олеснува подарувањето за 8 Март со Wolt Gifting

3 недели ago

Популарни Вести

  • Турски танкер погоден од дрон во Црното Море

    Турски танкер погоден од дрон во Црното Море

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукашенко во Северна Кореја пречекан со воена парада и артилериски поздрав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин и лекови пронајдени во крвта на тропски ајкули на Бахамите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ваучерите за инвертер клими се подигаат со брзо темпо – над 50% веќе распределени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прегазено 11 годишно дете во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.