среда, март 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР

by Redakcija
02.03.2026
in Црна Хроника

Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи, во време на поранешниот министер Оливер Спасовски, неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана исправа – дозвола за негово управување. Во тој период, според информациите, со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри.

Според информациите со кои располага „Скопје Инфо“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против лице вработено како главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во периодот од 27 февруари 2023 до 10 април 2023 година, во својство на началник на Одделот за воздухопловни единици, со намера да стекне овластување за инструктор на хеликоптери од типот TRI BELL 206, без да ги исполнува потребните услови, незаконски впишал во својата дозвола за член на екипаж дека поседува овластување TRI B-206, наводно стекнато на 26 февруари 2020 година.

Според наводите, впишаното овластување го употребил како вистинито пред Управата за полициски специјалности – Воздухопловна полициска единица во Брник, Словенија, како и во две управни постапки пред Агенцијата за цивилно воздухопловство, при што го користел како документ за впишување на овластување TRI/BELL206 во неговата цивилна воздухопловна дозвола.

Случајот е доставен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошниот тек на постапката.

Извор: Скопје Инфо

Related Posts

Акциска на Мобилната единица на полицијата – Ова се деталите

25.03.2026

Македонец фатен по бегство  – фатална сообраќајка во Србија

25.03.2026

Апсење во Тетово – МВР со детали

25.03.2026

Судир со полициско возило во Прилеп – МВР со детали

25.03.2026

Младо момче паднало од балкон во Карпош

25.03.2026

Паднаа раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали

25.03.2026

Препорачани Вести

Експлозија пред домот на Здравко Чолиќ во Белград

2 месеци ago
evra

Јануарски раст на девизните резерви за 675 милиони, достигнувајќи 5,6 милијарди евра

1 месец ago

Популарни Вести

  • Земјотрес регистриран во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАМА И ВУЧИЌ ДОБИЈА „НЕ“: ЕУ ја урна нивната идеја за влез во Шенген

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наставничка се бори за живот откако крвнички била нападната од осмооделенец во Италија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дел од Тетово и две села без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.