петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

РАМА И ВУЧИЌ ДОБИЈА „НЕ“: ЕУ ја урна нивната идеја за влез во Шенген

by Redakcija
25.03.2026
in Балкан

Еврокомесарката за проширување Марта Кос ја отфрли идејата на Еди Рама и Александар Вучиќ за пристап до Шенген зоната и заедничкиот пазар без полноправно членство во Европската Унија.

Таа нагласи дека условите за влез во Шенген зона и Европска Унија се речиси идентични и бараат спроведување на сериозни и длабоки реформи, без можност за компромиси.

„Дали лидерите знаат колку треба да постигнат за да бидат дел од Шенген или заедничкиот пазар?“, изјави Кос, потенцирајќи дека нема „краток пат“ до европските интеграции.

Идејата на Рама и Вучиќ беше изнесена во авторски текст за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung, каде тие укажаа на бавниот напредок во процесот на интеграција и предложија нивните земји да добијат пристап до економските придобивки од Унијата, без да имаат политичко право на одлучување.

Кос, говорејќи на настан организиран од Politico, го оцени овој предлог како неприфатлив и повтори дека Унијата ќе инсистира на целосно исполнување на критериумите.

Таа истакна дека и во рамки на можниот модел на постепена интеграција, реформите остануваат клучен услов и не може да се заобиколат.

Во однос на проширувањето, Кос посочи дека се разгледуваат неколку опции за реформа на процесот, при што како најреална ја оцени постепената интеграција, со цел да се избегне стагнација кај земјите кандидати, но без отстапки од строгите критериуми.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Се апсат команданти и полицајци за малтретирање студенти во Србија

05.11.2026

Европски политичари побараа заштита за Македонците во Грција

04.11.2026

Полетале за Москва, па морале назад: Што се случило во авионот на „Ер Србија“?

04.11.2026

Полициски началници во Белград завршија зад решетки

03.11.2026

„Студентската листа“ со план за првите 100 дена: Што најавува за институциите и економијата?

03.11.2026
ИЛИЈАНА ЈОТОВА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА СО 57,4 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ

ИЛИЈАНА ЈОТОВА ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА СО 57,4 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ

01.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Бучим со поддршка за едукативната иницијатива „ Ecologically Speaking“ за зајакнување на еколошката свест кај младите

7 месеци ago

Земјотрес ја стресе Македонија пред неколку минути

9 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕУ губи околу 59 милијарди евра годишно поради префрлање профит во даночни оази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница: Од 6 часот еднонасочно кон гробиштата во Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУДАРСТВО.мк: По четири децении во Франција доделена прва рударска концесија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ја носел мајка си да питачи, ја надгледувал и ѝ ги одземал парите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Иницијатива за „Бизнис клуб Битола“ и поголема поддршка од компаниите за локалната заедница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.