вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Франција и Грција помагаат во одбрана на Кипар со фрегати, Ф-16 и анти-дрон системи

by Redakcija
03.03.2026
in Свет
Франција и Грција помагаат во одбрана на Кипар со фрегати, Ф-16 и анти-дрон системи

Во знак на засилена поддршка кон Кипар, францускиот претседател Емануел Макрон денеска го информираше кипарскиот претседател Никос Христодулидис дека Париз ќе испрати на островот противракетни системи, анти-дрон технологии и фрегата, објави кипарската новинска агенција ЦНА, повикувајќи се на свои извори.

Помошта од Франција следува по два телефонски разговори помеѓу лидерите во понеделникот. Покрај тоа, Христодулидис побарал од германскиот канцелар Фридрих Мерц да испрати фрегата, а од Берлин веќе пристигна позитивен одговор, со очекување на официјална одлука наскоро.

И Атина се вклучи во поддршката кон Никозија. Министерот за национална одбрана на Грција, Никос Дендиас, потврди дека четири авиони Ф-16 веќе се на Кипар, додека две грчки фрегати се во пат кон островот. Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летибиотис, објави и видео од авионите на Икс, истакнувајќи дека тие се дел од итната реакција на Атина за зајакнување на превентивните безбедносни мерки и блиската соработка меѓу двете земји.

За подобра координација на активностите, денеска на Кипар ќе престојува и грчкиот министер за одбрана, кој ќе оствари средба со својот кипарски колега, Василис Палмас.

Кипарските медиуми, пак, рано утрово известија за лажна тревога во областа Акротири, каде се наоѓаат британските воени бази. Иако првично беше испратена порака за итна евакуација, по само две минути следеше појаснување дека се работи за лажна тревога.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026

Краков сака да ги прогласи за почесни граѓани полицајците што го запреа напаѓачот

09.11.2026

Трамп го повика шефот на УФЦ да стане портпарол, па рече дека се шегувал

09.11.2026

Почина напаѓачот од Краков, кој уби шест луѓе на главниот плоштад

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

Промена во јавниот превоз во Скопје за Духовден

6 месеци ago

Кина останува најголема економија во светот според куповна моќ, глобалната економија достигнува 219 трилиони долари

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Со BAE Systems разгледуваме центар за заштита на енергетскиот сектор од сајберзакани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Храната поскапува побавно од вкупната инфлација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО + ВИДЕО | УЖАСНИ СЦЕНИ ВО БУГАРИЈА Над 10 загинати, десетици повредени и повеќе од 50 судрени возила кај Јамбол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продажбата на групацијата Адинг порасна за 7,4%, добивката пред данок се намали за 3,1%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.