среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Тензии околу Ормутскиот теснец: Трошоците за транспорт на нафта и гас достигнаа рекордни нивоа

by Redakcija
03.03.2026
in Економија
Покачени се цените на нафтата по барел поради геополитичките тензии

Енергетските пазари повторно се најдоа во турбулентна зона откако тензиите меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран драматично ескалираа, а Техеран испрати заканувачки сигнали дека би можел да го блокира виталниот Ормутски теснец. Станува збор за една од најчувствителните артерии на светската економија – коридор низ кој секојдневно минува околу 20 проценти од глобалната потрошувачка на нафта, како и значителни количини течен природен гас.

Веќе се чувствуваат првите последици. Осигурителните премии растат, бродските компании ги зголемуваат тарифите, а трговците калкулираат со ризик од подолготраен прекин. По серијата напади врз танкери во регионот, сообраќајот низ теснецот е сериозно нарушен, што дополнително ја подгрева паниката на берзите. Цената на суровата нафта Брент во рок од неколку дена скокна за речиси 10 проценти, додека европските пазари на гас реагираа со нагло поскапување.

Најсилен удар засега трпат превозниците. Дневниот наем на супертанкерите од класата VLCC, способни да пренесат околу два милиони барели нафта од Блискиот Исток кон азиските рафинерии, експлодираше на повеќе од 420.000 долари – историски максимум и речиси двојно повисоко ниво од само неколку дена претходно. Тоа е јасен сигнал дека ризикот станува прескап.

Во меѓувреме, пораките од теренот се спротивставени. Иранските власти уверуваат дека преминот е затворен и предупредуваат на можни напади врз бродови што ќе се обидат да минат, додека американски воени извори тврдат дека пловниот пат формално останува отворен. Токму таа информациска магла ја зголемува нервозата меѓу инвеститорите и стравот од нов глобален енергетски шок, кој би можел да има далекусежни економски последици.

Related Posts

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

30.09.2026

По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственост

30.09.2026

Ормус повторно се полни со танкери: Нафтата тече низ стратешкиот теснец

29.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 1,06 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

29.09.2026

Динитриеска-Кочоска: Со поддршка од САД ги унапредуваме даночниот и царинскиот систем

29.09.2026

МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

29.09.2026

Препорачани Вести

Аларм во Хрватска: недостигот на авионско гориво ја загрозува туристичката сезона

6 месеци ago

(ВИДЕО) Орбан во емотивен разговор со ќерката: „Украинците им се закануваат на моите внуци“

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Зеленски: Украина вратила контрола врз 176 квадратни километри во операцијата „Вивалди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.