среда, април 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

by Simovski
05.03.2026
in Економија
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

Земјоделскиот комбинат Пелагонија минатата година ја затвори со извонредни резултати, остварувајќи раст на добивката од речиси 400 проценти. Доколку минатата година ја нарековме успешна, 2025 година е година на вистински пресврт. Профитот достигна 2,2 милиони евра, што ја потврдува стабилната финансиска стратегија на компанијата.

Приходите на комбинатот изнесуваат 19,8 милиони евра, што претставува пораст од 23 отсто во однос на претходната година, односно дополнителни 3,7 милиони евра. Во исто време, трошоците на компанијата бележат минимално зголемување, само за 1 отсто, или 170,8 илјади евра, достигнувајќи вкупно 16 милиони евра.

77,5 отсто од приходите потекнуваат од продажбата, која донела околу 14,6 милиони евра, со годишен раст од 12 отсто. Ова ја потврдува силната позиција на ЗК Пелагонија на домашниот пазар и стабилната побарувачка за нивните производи.

Во текот на минатата година, комбинатот инвестирал 183,3 илјади евра во нови основни средства, додека од продажба на земјоделска механизација остварил добивка од 14 илјади евра на приход од 308,4 илјади евра.

Како водечка компанија во агробизнисот во Македонија, ЗК Пелагонија има широко портфолио: одгледува житни култури како пченица, јачмен, пченка, маслена репа и сончоглед, но и крупен добиток. Во составот на комбинатот функционираат млекарата Здравје, фабрика за добиточна храна и две биогасни централи преку Пелагонија Енерџи, што дополнително ја зајакнува енергетската и индустриската независност на компанијата.

Related Posts

Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

31.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Владата останува силен партнер на бизнис секторот

31.03.2026

Промет од 21,31 милиони денари, раст кај Алкалоид, а пад кај Телеком и Реплек – ОМБ непроменет

31.03.2026

Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

31.03.2026
Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

31.03.2026
Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

31.03.2026

Препорачани Вести

Овие PIN-кодови се најопасни: Проверете дали вашиот е меѓу нив

Овие PIN-кодови се најопасни: Проверете дали вашиот е меѓу нив

2 месеци ago

15 Возачи уапсени и одземени автомобили низ државата, меѓу нив и двајца малолетници

1 месец ago

Популарни Вести

  • Трамп тврди дека САД ја добиле војната со Иран, но ветува продолжување на воените дејствија

    Трамп: Иран е ослабен, конфликтот ќе заврши брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ со жестоки обвинувања кон поранешни обвинители од СЈО: „Нека размислат дали ќе одговараат“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туфегџиќ: Обвинителите не треба да си ги „присвојуваат“ предметите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.