среда, април 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Мицкоски: Има доволно нафта и нафтени деривати, Владата ќе интервенира ако има нагло поскапување

by Redakcija
07.03.2026
in Економија
Првата седница на Советот за иновации во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во државата има доволно нафта и нафтени деривати и ги повика граѓаните да бидат спокојни, додавајќи дека Владата е подготвена веднаш да реагира доколку дојде до драматичен раст на цените.

Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на новиот кампус на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, Мицкоски нагласи дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторна комисија за енергетика, бидејќи станува збор за независна институција која одлуките ги носи врз основа на утврдена методологија.

Тој информираше дека Владата имала состанок со најголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати, при што било заклучено дека снабдувањето е стабилно.

„Заедничкиот заклучок беше дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни. Кај нас цената е значително пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е околу 120 денари, кај нас е околу 70 денари, а слична е состојбата и во споредба со Косово и Албанија“, изјави премиерот.

Мицкоски посочи дека Владата е подготвена да интервенира доколку има нагло поскапување на нафтата на светските пазари.

„Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш ќе интервенира, уште на следната седница. Имаме неколку опции – намалување на акцизата или на ДДВ. Апсолутно ќе застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните“, нагласи тој.

Премиерот додаде дека инфлацијата и трошоците за живот во јануари изнесувале 3,1 проценти, но очекува тие да се стабилизираат во февруари и да паднат под три проценти.

Тој информираше и дека државните резерви на нафта и нафтени деривати во моментов покриваат повеќе од 62 дена од вкупната дневна потрошувачка, што, според него, претставува историски високо ниво.

Во однос на можните последици од кризата на Блискиот Исток, Мицкоски истакна дека Владата внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да реагира доколку се појави нов инфлаторен притисок.

Related Posts

Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

31.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Владата останува силен партнер на бизнис секторот

31.03.2026

Промет од 21,31 милиони денари, раст кај Алкалоид, а пад кај Телеком и Реплек – ОМБ непроменет

31.03.2026

Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

31.03.2026
Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

31.03.2026
Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

Стратегиски избор на снабдувач: Предвидливост и стабилност во нестабилни времиња

31.03.2026

Препорачани Вести

Меланија Трамп апелира за мир: Единството е единствениот одговор на кризата во Минесота

2 месеци ago

Прегазено 11 годишно дете во Тетово

6 дена ago

Популарни Вести

  • РОЗОВА ПОЛНА МЕСЕЧИНА ДЕНЕС НОСИ ПРЕСВРТ: Љубов, вистини и одлуки – еве што го чека секој знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НЕВРЕМЕ СО УДАРЕН ВЕТЕР ДО 70 КМ/Ч: Дожд, снег и нагло заладување ја зафаќаат Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп: Иран е ослабен, конфликтот ќе заврши брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење на различни локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ со жестоки обвинувања кон поранешни обвинители од СЈО: „Нека размислат дали ќе одговараат“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.