понеделник, март 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

ВИДЕО: Две деца паднаа со тротинет на пешачки кај Соборниот храм во Скопје, на социјалните мрежи се отвори дебата за родителската грижа

by Redakcija
07.03.2026
in Скопје

Видео на кое се гледаат две деца како паѓаат додека се возат на електричен тротинет на пешачки премин во центарот на Скопје предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Снимката е објавена во Фејсбук група посветена на „старите скопјани“, а ја сподели скопјанецот Ивица Серафимовиќ. На видеото се гледа како двајца малолетници, возејќи се на електричен тротинет, паѓаат на пешачкиот премин кај Соборниот храм на раскрсницата во центарот на градот.

По падот, децата стануваат, а едниот од нив го зема тротинетот и се движи кон улицата, излегувајќи надвор од пешачката патека, на коловозот каде се одвива сообраќајот.

Во видеото се слуша и коментарот на авторот на снимката, кој реагира на ситуацијата и се прашува како родителите им дозволуваат на толку мали деца да возат тротинет на прометна раскрсница.

„Кои се овие родители што вака им дозволуваат на мали деца да возат тротинет. Не дај боже да се залета некој што не гледа… и кој е после крив? Би ги поздравил родителите и секоја им чест. Браво“, се слуша во видеото.

Во описот на објавата, Серафимовиќ дополнително предупредува дека ситуацијата можела да заврши многу поопасно доколку во истиот момент поминело возило на итна помош или некој возач поминел на црвено светло.

Видеото предизвика бројни реакции и коментари, а дел од граѓаните во нив посочуваат дека одговорноста најмногу ја гледаат кај родителите, сметајќи дека децата не треба да се движат сами доцна навечер и да возат тротинети на вакви прометни локации.

Видеото може да го погледнете тука

…

Related Posts

Скопје под посебен сообраќаен режим утре и задутре

30.03.2026

Мајка пријавила бременост кај својата 14-годишната ќерка – институциите постапуваат по случајот

29.03.2026

Свлечиштето кај Теферич се шири: Патот буквално се распаѓа, експертите бараат итна реакција

29.03.2026

Водно 10К го раздвижи Скопје: Сообраќајот денес под посебен режим

29.03.2026

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија за вработување во Чаир

28.03.2026
Градинката „Гоце Делчев“ во Скопје доби нова централна кујна

Градинката „Гоце Делчев“ во Скопје доби нова централна кујна

27.03.2026

Препорачани Вести

Автоматизацијата ја губи контролата: Како дигиталните слабости ја парализираат современата економија

Автоматизацијата ја губи контролата: Како дигиталните слабости ја парализираат современата економија

2 недели ago

Судири пред Владата во Тирана: Демонстрантите и полицијата лице в лице на протестот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Иранските балистички ракети повторно стигнаа до Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сведоштво на мајката на Ивана во судницата ја остави цела Македонија без зборови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Меѓуопштинската соработка е клуч за поефикасни услуги кон граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџа: Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.