среда, април 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Дизелот скокна за 14,5 денари – РКЕ ги објави новите цени на горивата

by Redakcija
09.03.2026
in Економија

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година.

Новите максимални цени на горивата ќе стапат во сила од 10 март 2026 година во 00:01 часот.

Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.

Најголемото поскапување е кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе изнесува 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека зголемувањето на цените е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според нивните пресметки, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.

Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците имаат можност горивата да ги продаваат и по пониски цени од утврденото ниво.

Related Posts

Лагард: Ефектите од војната со Иран ќе бидат долготрајни и сериозни

Лагард: Ефектите од војната со Иран ќе бидат долготрајни и сериозни

01.04.2026
Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

УЈП со соопштение за студенти кои оствариле доход надвор од Македонија

31.03.2026

Димитриеска-Кочоска: Владата останува силен партнер на бизнис секторот

31.03.2026

Промет од 21,31 милиони денари, раст кај Алкалоид, а пад кај Телеком и Реплек – ОМБ непроменет

31.03.2026

Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

31.03.2026
Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

Блискоисточниот конфликт предизвикува раст на инфлацијата и прекини во снабдувањето, оценува ММФ

31.03.2026

Препорачани Вести

Кривични пријави за шестмина по насилен инцидент со оружје во Тетовско

2 месеци ago

Јована од Србија прва во светот ќе ја прими руската вакцина против рак

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Муцунски денес во Париз во работна посета

    Муцунски денес во Париз во работна посета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон: „Европа е барем секогаш предвидлива во меѓународните односи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Резервоари за гориво погодени од ирански дронови на аеродромот во Кувајт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски воен авион се урна во Крим: Загинати 29 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лагард: Ефектите од војната со Иран ќе бидат долготрајни и сериозни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.