среда, ноември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Мицкоски: Околу 25% од капиталните инвестиции за 2026 година веќе се реализирани

by Redakcija
10.03.2026
in Економија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека изградбата на капиталните инвестиции се одвива со забрзана динамика и дека во првите два месеца од годината и првите денови од март се реализирани околу 25 проценти од предвидените средства за 2026 година.

При увидот на градежните активности за изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Мицкоски посочи дека и покрај зимскиот период, кога градежните активности се намалени поради временските услови, реализацијата на капиталните инвестиции е на високо ниво.

„Околу 10 милијарди денари се реализирани во првите два месеца и во првите пет дена од март, што претставува приближно 25 проценти од вкупно предвидените капитални инвестиции за 2026 година. Како што ќе се подобруваат временските услови и ќе се засилуваат градежните активности, очекувам оваа динамика дополнително да се зголемува“, изјави Мицкоски.

Тој изрази очекување дека со зголемувањето на инвестициите ќе расте и бруто домашниот производ, а граѓаните ќе ги почувствуваат резултатите од мерките за стабилизација на државата.

Премиерот им се заблагодари на градоначалниците, институциите, советниците и пратениците кои, како што рече, придонесуваат за реализација на проектите. Притоа нагласи дека со изградбата на пречистителната станица ќе се подобрат условите за жителите, а дел од населението од Општина Бутел ќе добие приклучок на системот.

Мицкоски изрази очекување проектот што поскоро да биде завршен и ставен во употреба, нагласувајќи дека ваквите инфраструктурни зафати се значајни за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026

Божиновска: Во Германија отвораме нови можности за инвестиции и посилна економска соработка

04.11.2026

Што се случува со заштедите ако банка ја изгуби дозволата? Еве колку може фондот да обесштети

04.11.2026

Нов раст на светските цени: Ќе поскапат ли горивата во Македонија?

04.11.2026

Народната банка: Граѓаните без картички од 5 ноември ќе можат да подигнат средства во Алта банка во Битола

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ДЗС: Опасна граната, тешка 45 килограми, пронајдена кај Неготино

4 месеци ago
ЕУСАИР форум во Скопје: Проширување на ЕУ, регионална соработка и развој на Јадранско-јонскиот регион

ЕУСАИР форум во Скопје: Проширување на ЕУ, регионална соработка и развој на Јадранско-јонскиот регион

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнал патници и возач во автобус, оштетил автомобил и нападнал полицајци – Приведен скопјанец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Самрак на вековниот симбол на шведската индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.