среда, март 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски во Стејт департментот: Разговори за економска соработка и коридорите 8 и 10

by Redakcija
11.03.2026
in Македонија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари работни средби во Стејт департмент во Вашингтон, каде се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со посебен акцент на политичките и економските односи.

На средбата со Даниел Лоутон, заменик помошник државен секретар задолжен за Европа, беше истакнато силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности, како и кон унапредување на економската и трговската соработка.

Николоски по средбите изјави дека САД остануваат најважниот стратешки партнер на Македонија и земја која најсилно ја поддржува државата на меѓународен план. Тој посочи дека на разговорите се дискутирало за продлабочување на политичките и економските врски, како и за соработката во рамки на НАТО во актуелните безбедносни предизвици.

Посебен акцент на средбите бил ставен на економската соработка, особено во делот на енергетската транзиција и инфраструктурниот развој. Николоски истакна дека се разговарало за напредокот на Паневропските коридори 8 и 10, кои минуваат низ Македонија и имаат клучно значење за економскиот развој и безбедноста на државата.

Дополнително, на средбите било разговарано и за повторно активирање на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, како и за можностите за нов трговски договор кој би овозможил зголемена трговија и повеќе бизнис меѓу Македонија и САД.

Работната посета на Вашингтон, Николоски ја продолжува со обраќање на глобалниот настан Transforming Transportation 2026.

Related Posts

Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи

Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи

11.03.2026

Пет комисии ќе заседаваат во Собранието, за актуелните законски измени

11.03.2026
7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

7.144 македонски Евреи депортирани во Треблинка – 83 години сеќавање на жртвите од Холокаустот

11.03.2026
153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

153 македонски државјани ќе бидат евакуирани од Катар, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија

11.03.2026
Денес се чествува делото на Свети Порфилиј – Архипастирот на Газа

Денес се чествува делото на Свети Порфилиј – Архипастирот на Газа

11.03.2026
Сончев ден со мала облачност, температурите растат до 20 степени

Сончев ден со мала облачност, температурите растат до 20 степени

11.03.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Дрина се излеа од коритото: Поплавени куќи и земјоделски насади

2 месеци ago

Два случаи на семејно насилство пријавени во еден ден во Скопје

3 недели ago

Популарни Вести

  • Американската војска уништи десет неактивни пловила за мини во Ормускиот теснец

    Американската војска уништи десет неактивни пловила за мини во Ормускиот теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел ја одби дипломатската понуда на Либан за прекин на огнот, разговорите продолжуваат за време на конфликтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови ракетни напади од Иран врз американските позиции на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Железничката врска помеѓу Кина и Северна Кореја повторно во функција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.