петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Сè повеќе милијардери во светот – објавена новата листа

by Redakcija
11.03.2026
in Магазин
Сè повеќе милијардери во светот – објавена новата листа

Оваа година на листата на најбогатите луѓе се најдоа 3.428 имиња, што претставува значителен скок од 3.028 минатата година. Вкупното богатство на овие елитни финансиски титани се проценува на 20,1 трилион долари, што е за цели четири трилиони повеќе од претходната година.

На врвот на листата, без изненадување, се наоѓа Илон Маск, со импресивни 839 милијарди долари. Следуваат коосновачите на Google, Лари Пејџ со 257 милијарди и Сергеј Брин со 237 милијарди долари.

Неочекувано изненадување на листата е американскиот претседател Доналд Трамп, чиј имот експлодира за 27% и достигна 6,5 милијарди долари. Скокот се припишува на договори во светот на криптовалутите и на поволна судска одлука во Њујорк, што го постави Трамп на 645-то место меѓу најбогатите на планетата.

Листата годинава се освежи со бројни познати личности од музиката, спортот и забавата. Раперот Др. Дре и пејачката Бијонсе Ноулс-Картер дебитираа со богатство од по една милијарда долари, додека тениската легенда Роџер Федерер се проценува на 1,1 милијарда долари.

Листата оваа година е збогатена со дури 390 нови имиња. Меѓу нив се Греф Абел, наследникот на Ворен Бафет на чело на Беркшир Хатавеј, како и Кимбал Маск, братот на Илон Маск. Нов милијардер е и адвокатката и поранешна сопруга на Сергеј Брин, Никол Шанахан.

Американските бизнисмени и технолошки магнати и понатаму доминираат на врвот на рангирањето. Во првите шест позиции се наоѓаат исклучиво милијардери од САД, меѓу кои и основачот на Amazon, Џеф Безос со 224 милијарди долари, како и извршниот директор на Мета, Марк Закерберг со 222 милијарди долари. Во самиот врв е и коосновачот на Оракл, Лери Елисон со 190 милијарди долари.

Надвор од американската доминација, на седмата позиција се наоѓа францускиот тајкун во луксузната индустрија Бернар Арно и неговото семејство, чиј капитал се проценува на 171 милијарда долари.

Во првата десетка се вбројуваат и основачот на Nvidia, Јенсен Хуанг со 154 милијарди долари, инвеститорскиот ветеран Ворен Бафет со 149 милијарди и шпанскиот моден магнат Амансио Ортега, основачот на Индитекс, со 148 милијарди долари.

Во меѓувреме, крипто-индустријата продолжува да создава огромни богатства. Основачот на крипто-берзата Binance, Changpeng Zhao, познат како CZ, со богатство проценето на 110 милијарди долари, според проценките веќе го надминал основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Најголем раст на богатството во изминатата година повторно забележа Елон Маск, чиј имот се зголемил за речиси 497 милијарди долари. Од друга страна, најголемиот пад го почувствува основачот на кинеската технолошка компанија Xiaomi, Леи Џун, кој загуби околу 15,6 милијарди долари од своето богатство.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

06.11.2026

Дневен хороскоп за 6 ноември: Вагите пред романтично изненадување, а Биковите да не брзаат со купување

06.11.2026

Black Friday: Како да препознаете вистински попуст зад прецртаната цена

06.11.2026

Кога е „Црниот петок“ во 2026 година?

05.11.2026

Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

05.11.2026

Ги оставате чашите превртени по миењето? Важно е на каква површина ги сушите

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали

5 месеци ago

Невремето остави пустош: Илјадници повици на 112 и големи штети во повеќе градови

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Стан во Тетово запишан со преправен договор, МВР поднесе кривична пријава против две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битолчани предлагаат што да влезе во буџетот за 2027 година: Од санација на патишта до центар за средно образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР: За девет месеци регистрирани 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.