четврток, октомври 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Над 70% од лекарите во Македонија се соочиле со насилство на работното место, велат од Лекарската Комора

by Redakcija
12.03.2026
in Македонија
Над 70% од лекарите во Македонија се соочиле со насилство на работното место, велат од Лекарската Комора

На 12 Март, Европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници, Лекарската комора на Република Македонија, заедно со европските медицински асоцијации и Министерството за здравство, упатија аларм за сериозен проблем кој го тишти здравствениот сектор, насилството врз докторите.

Претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакна дека нападите врз медицински лица не се само лични напади. Тие го погодуваат целиот систем и пациентите кои чекаат грижа. „Докторите не се непријатели. Тие се на првата линија за зачувување на животот, во услови кои понекогаш се екстремни. Насилството не е решение за системските слабости“, нагласи проф. д-р Гривчева Старделова.

Анкетите на Комората откриваат загрижувачки податоци: над 70% од лекарите доживеале некаква форма на насилство на работното место. Од нив, 80% се соочиле со вербална агресија, додека 6,8% биле жртви на физички напади. И покрај измените на Кривичниот закон во 2023 година, кои го третираат нападот врз медицинско лице како напад врз службено лице, ефектите се ограничени – речиси 70% од инцидентите воопшто не се пријавуваат, најчесто поради комплицираните процедури или перцепцијата дека ова е „дел од работата“. Министерството за внатрешни работи регистрираше само две кривични пријави минатата година за напади врз здравствени работници, едно во Скопје со двајца сторители и едно во Штип со еден сторител.

Проф. д-р Карди Хаџихамза, психијатар и член на Извршниот одбор на Комората, предупреди за сериозните последици од насилството. „Доколку докторите се изложени на агресија, тоа создава психолошки стрес, анксиозност и прегорување, што многумина ги тера да размислуваат за напуштање на професијата или заминување во странство. Тоа дополнително го ослабува здравствениот систем“, рече проф. д-р Хаџихамза. Тој додаде дека неопходно е здравствените установи да ги зајакнат безбедносните мерки, вклучувајќи обезбедување и видеонадзор, но и да се вложи во подобра комуникација и едукација на пациентите.

Лекарската комора апелира за итна институционална реакција на секој напад, како и за стопирање на дигиталниот линч врз докторите. Комората нагласува дека подобрите услови за работа, повеќе персонал и организирана работа, се клучни за создавање безбедна работна средина. „Хуманоста е двонасочна. Потребна е нулта толеранција за насилство од сите страни – институции, медиуми и граѓани. Само со пријавување на инцидентите и соодветни санкции можеме да го испратиме јасното послание дека насилството не е прифатливо“, рече проф. д-р Гривчева Старделова.

Како решенија, професорите нагласуваат дека здравствените установи треба да воведат поефикасни безбедносни мерки: присуство на обезбедување, видеонадзор, јасни протоколи за реагирање. Покрај тоа, потребна е интензивна едукација на докторите за комуникациски вештини и создавање јавни кампањи кои ќе ја поттикнат почитта на пациентите кон здравствените работници. Добрата информираност на пациентите го намалува нивното незадоволство и фрустрација, а нултата толеранција за насилство создава средина во која докторите можат достоинствено да ја вршат својата професија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

28.10.2026

Граѓаните добиваат електронски документи и услуги на својот телефон

28.10.2026

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

28.10.2026

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

28.10.2026

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

28.10.2026

Кој ќе добие постојано работно место? Нов предлог за ангажираните во државните институции

27.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Проданоски: Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија – 49% од граѓаните селектираат за рециклирање

2 месеци ago

Иран лансирал над 3.400 ракети и дронови низ Блискиот Исток? Се појави карта со шокантни бројки

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ: „Почна револуционерниот терор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Скопје и околните села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Групчин, Челопек и Брвеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнале 63-годишна скопјанка и ѝ ја одзеле чантата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.